Полската полиција по спроведената голема истрага го пронајде натписот „Работата ослободува“ кој беше украден од влезната порта на поранешниот германски концентрационен логор Аушвиц. Во акцијата, спроведена во северниот дел на земјата, уапсени се пет лица, на возраст меѓу 25 и 39 години, јавуваат локалните медиуми.Натписот со букви направени од челик долг пет метри и тежок 40 килограми бил пронајден во три дела. Тој важи за циничен симбол за злосторствата на национал-социјалистите.{loadposition content9}
Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со тројца астронаути синоќа успешно е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан. Астронаутите ќе им се придружат на руско-американската екипа астронаути кои се на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земја.Екипажот на „Сојуз“ е составен од Русинот Олег Котов, Американецот Тимоти Кример од НАСА и Јапонецот Соичи Ногучи.Тројцата астронаути ќе им се придружат на Американецот Џеф Вилијамс и Русинот Максим Сурахев кои на Меѓународната вселенска станица претстојуваат од октомври.Планирано е вселенскиот брод да се спои со Меѓународната вселенска станиц…
Американската администрација ја повика Владата на Канада да ги искористи своите овластувања и да ја прекине блокадата на камионџиите кои протестираат против ограничувањата воведени во земјата во борбата против ковид 19.
Од 7 февруари, камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит во САД, принудувајќи ги автомобилските компании привремено да ги затворат фабриките или да го намалат производството.
Од кабинетот на премиерот Џастин Трудо соопштија дека постои подготвеност да се „реагира со сите потребни средства“ за да се пр…
Германија ќе донира 60 милиони евра за меморијалниот споменик Аушвиц – Биркенау.Предвидено е со тие пари да се финансира работата за обнова на зградата во која престојувале затворениците, гасните комори и другите докази на нацистичките злосторства во поранешниот концентрационен логор.Германија ја вети донацијата, откако полската влада соопшти дека и треба финансиска помош околу работата за обнова на комплексот.„Со ова ја изразуваме нашата историска одговорност“ рече германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервел.Половина од износот го гарантира федералната влада на Германија, а д…
Зголемувањето на глобалните температури треба да се ограничи до два степени целзиусови, се вели во предлогот за завршната декларација, кој денеска треба да биде претставен на последната седница на конференцијата за климата во Копенхаген.Текстот на завршната декларација беше усогласуван на полноќна вонредна средба на претставници од 28 држави, кои претставуваа одделни групи земји и региони.Развиените земји го преземаат ангажманот да доставуваат по 100 милијарди долари годишно на сиромашните држави, за да им помогнат да ги адаптираат своите економии и да се справат со климатските промени, се…
Масакрот на 30 медиумски работници на Филипините во ноември ја направи 2009 најсмртоносната година за новинарите во светот со 68 убиени претставници на медиумите, се наведува во извештајот на Комисијата за заштита на новинарите. Во 2008 година имало 42 убиени новинари, што значи дека жртвите на убиствата во медиумската сфера се зголемиле за 60 проценти. – Има впечаток дека три четвртини од нив биле убиени намерно поради нивната работа и во 85 отсто од тие случаи нема покренато обвиненија, изјави заменик-директорот на Комисијата Роберт Махони. – Тоа има ужасен ефект врз новинарството, комент…
Аферата “Panama papers” разоткри шефови на држави, политичари, славни лица, но и криминалци кои користеле оф-шор компании за цел перење и криење на пари.
Основа за филмот ќе претставува книгата “Secrecy world” на добитникот на Пулицер Jack Bernstein. Bernstein беше еден од новинарите на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) кои ја разоткрија аферата и најави дека во својата книга ќе открие и досега непознати детали.
Панамските документи содржат 11,5 милиони документи кои протекоа од адвокатската фирма Mossack Fonseca, сместена во Панама. Во тие документи се споменуваат …
Според прогнози на Федералното биро за пребројување на населението, околу 2025 година најгусто населена земја во светот ќе биде Индија, пренесоа светските агенции. Според американски експерти кон 2025 година населението на Кина ќе почне да се намалува. Според оценки на бирото, во Кина врвот на бројноста на населението ќе се достигне во 2026 година и ќе биде под 1,4 милијарда лица. Претходно се претпоставуваше дека ова ниво ќе биде повисоко. Според американски експерти, сегашната динамика се објаснува, пред се, со падот на таканаречениот коефициент на плодност или очекуваниот број раѓања на …