Едно лице кое патувало Амстердам – Детроит планирал да го дигне во воздух авионот, но експлозивната направа не се активирала, соопшти американски претставник од американската Служба за борба со тероризмот.Осомничениот 23-годишен Нигериец е испитан од американското Федерално истражно биро (ФБИ), и се претпоставува дека е поврзан со Ал Каеда.Портпаролот на авиокомпанијата „Делта ерлајнс“ истакна дека патникот прво запалил мала бомба во авионот, но бил совладан од патниците и членовите на екипажот. Во инцидентот повредени се две лица од кои едниот е хоспитализиран.Инцидентот се случил 20 минут…
Напаѓач во доцните вечерни часови (14.07) возејќи со товарен камион влетал во толпата луѓе кои од шеталиштето покрај брегот во Ница го гледале штотуку завршениот огномет по повод Националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастилја. Камионот неколку стотици метри се движел преку тротоарот, а како што тврдат локални политичари, а притоа возачот и пукал врз насобраните луѓе, пред и самиот да биде убиен од полицијата.
Инцидентот се случи на славната Променад де Англе за време на огноменот.
Локалните власти ги повикаа луѓето да не излегуваат надвор, а инцидентот го нарекоа напад, а ан…
Железничкиот оператор „Евростар“ што ја одржува линијата под Ла Манш, од сабота треба да ја нормализира железничката врска меѓу Велика Британија и Франција.Сообраќајот беше во прекин повеќе од една недела, кога поради студеното време неколку возови во тунелот под Ла Манш застанаа поради дефекти.Поради прекинот, повеќе десетици илјади луѓе не можеа да стигнат до саканите дестинации. За брзо воспоставување на железничката линија неодамна се заложи и францускиот претседател Никола Саркози.{loadposition content9}
Во базиликата Св. Петар во Рим, пред почетокот на божиќната миса, една жена ја прескокна заштитната ограда и го сруши на земјата папата Бенедикт XVI.Папата бил нападнат додека се движел кон олтарот. Според првичните информации, жената која го нападнала најверојатно е ментално пореметена личност. Таа била веднаш уапсена од полицијата во Ватикан.Папата по нападот веднаш станал и продолжил со мисата.Ова не е прв ваков инцидент. Минатата година, повторно жена тргна кон папата, по што тој се сопна и малку фалеше да падне од балконот на базиликата Св.Петар.{loadposition content9}
Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД.Невремето предизвика проблеми во патниот сообраќај и го отежна движењето на луѓето за време на Божик. Портпаролот на Националната метеоролошка служба ги посоветува граѓаните да се откажат од плановите за патување и да не се доведуваат во опасност.Невремето го зафати централниот дел на САД од канадската граница до Тексас.Во северните делови снежната бура може да предизвика формирање на 60 сантиметарска снежна покривка, додека на југ беше прогласена тревога за …
Италијанскиот производител на автомобили “Фиат” потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика “Застава”, откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра, соопшти радио Б92. “Фиат” ќе поседува 67 отсто од компанијата, а српската влада – останатите 33 отсто. Фабриката “Застава” се наоѓа во Крагуевац и е со производствен капацитет од 200 илјади автомобили годишно. Се очекува италијанскиот автомобилски гигант да плати уште 100 милиони евра во 2010 година.Договорот во среда го потпишаа потпретседателот на “Фиат”, Алфредо Алтавила и српскиот министер за економија Млаѓан…
Повеќе од 11.500 лица починале во светот од последиците на свинскиот грип, од откривањето на вирусот во април, па си до сега, соопшти Светската здравствена организација(СЗО).Според истиот извор, вирусот го достигнал својот врв во последните месеци, најмногу на северната полусфера на планетата со настапувањето на зимата.Од СЗО додаваат дека според официјални податоци од 208 земји во светот, бројот на жртвите од опасната болест до 20. декември изнесува 11.516 лица.{loadposition content9}
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава индонезискиот остров Суматра, а засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти индонезискиот Геофизички институт.Потресот е регистриран во 8:11 часот по локално време (1:11 по Гринич) на 56 километри југоисточно од островите Ментаваи, на длабочина од десет километри. Половина час подоцна е регистриран и втор потрес со интензитет од 5,3 степени.Земјотрес со интензитетот од 7,6 степени според Рихтеровата скала на 30 септември го погоди западното крајбрежје на Суматра, при ш…