Претседателот на Венецуела Уго Чавес покани 25 семејства привремено да се населат во претседателската палата откако останаа без домови во поплавите што ја зафатија земјата.Десетици луѓе почина во поплавите, а илјадници беа принудени да ги напуштат домовите по седмиците обилни дождови, кои предизвикаа поплави и свлечишта на земјиштето.Чавес е критикуван дека не успеал да обезбеди нови домови во неговиот 11-годишен мандат, поради што ги отвора вратите од претседателската палата во центарот на Каракас.- Персоналот задолжен за безбедноста има огромна кујна која може да биде користена од 20 семе…
Објавите на Викиликс на тајните документи на американската влада, открија интересен начин на кој САД ги опишуваат водачите на земјите во светот. Така, италијанскиот премиер Силвио Берлускони е опишан дека има “блиска врска“ со рускиот колега, која ги мачи САД. Берлускони и Путин се пријатели веќе пет години, честопати се состануваат и се гостуваат на празници. САД ги мачело договорот на италијанската енергетска компанија ЕНИ и рускиот “Газпром“, за јужниот гасовод. Се потенцира “мекиот“ став на Берлускони кон Русија за време на воениот конфликт со Грузија. Италијанскиот премиер е опишан как…
Речиси 2 милијарди долари изнесува буџетот за последната руска вселенска програма, чија единствена задача ќе биде да ја зачисти Земјината орбита од метеорити и отпадоци од околу 600 сателити со поминат рок кои гравитираат околу планетава.Руската ракетно – вселенска корпорација најави дека проектот треба да биде завршен од 2020-та до 2023-та а откако сателитот ќе биде готов и лансиран, ќе му бидат потребни 10 години за да ја заврши работата и да ги собере поголемите вселенски отпадоци.Леталото ќе работи на нуклеарен погон а руските астрономи кои предвидуваат дека сателитот ќе функционира око…
Додека некои од светските лидери расправале за продолжување на противракетниот штит а други за подобра соработка со Русија, Грузијците и Ерменците го искористиле НАТО самитот во Лисабон за журка со 80 проститутки.За скандалот прв јави португалскиот весник Coreeio da Manha, кој објави дека проститутките биле прошверцувани во еден од најлуксузните лисабонски хотели, како претставнички на грузиските и ерменски амбасади. Забавата наводно им ја расипал Николас Саркози, кој се пожалил на вревата.Грузискиот државен министер за европски и евроатлански интеграции Гиорги Барамидзе, ја отфрлил веста к…
Едно време беше убедена дека Африка е држава а не континет а сега поранешната гувернерка на Алјаска изјавува дека САД “треба да бидат покрај своите севернокорејски сојузници.“Сара Палин гафот го направила во радио интервју, одговарајќи на прашањето што мисли за случувањата поврзани со Северна и Јужна Кореја.“Не верувам дека Белата Куќа ќе излезе со цврста политика за санкционирање на она што би го направила Северна Кореја… Но, ние мора да бидеме покрај нашите сојузници од Северна Kореја,“ изјавила Палин.Во јавноста веќе се шпекулира дека оваа грешка ќе и наштети на Палин, која и порано би…
Старешините на едно село во северниот дел на Индија донесоа одлука со која на немажените жени им се забранува користење мобилни телефони, со цел да бидат спречени да договараат недозволени бракови и со тоа да станат жртви на убиство од чест.Според одлуката на старешината од селото Ланк, неженетите момчиња ќе можат да користат мобилни телефони, но само под строга контрола на родителите.Локалните здруженија за заштита на правата на жените ја критикуваат оваа драстична мерка како заостаната и неправедна.Еден од старешините на селото изјави дека забраната е донесена поради стравувањата дека мо…
Загина еден јужнокорејски маринец, а повредени се уште 14 војници и двајца локални жители. Јужнокорејската војска возврати со 80 гранати во самоодбрана.На островот горат куќи, а населението се евакуира, Сеул испрати борбени авиони во регионот и ја стави војската на највисоко ниво на готОвност, а владата свика итна седница.Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак рече дека е мошне важно да се спречи ескалиција на престрелката. Пјонгјанг се уште молчи за нападот. Расте стравот од нова корејска војна. Русија изрази сериозна загриженост, а Јапонија нареди подготвеност за секое сценарио. Кина ап…
Минатата недела цената на нафтата на светските пазари потона за повеќе од 4,5% а се проценува дека нерамнотежата помеѓу преголемата понуда и слабата побарувачка ќе продолжи повеќе отколку што се очекуваше.
На лондонската берза цената за барел минатата недела падна за 4,7%, на 45,77 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,2%, на 43,03 долари.
Инвеститорите минатата недела ги поколебала проценката на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за острото успорување на побарувачката која заедно со растот на резервите значи продолжување на нерамнотежата која може да трае и во…