Меѓународно признатиот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара објави денеска едномесечна забрана за извоз на какао.Целта е да биде лишен од важни приходи претседателот Лоран Гбагбо кој положи заклетва за нов мандат. Западноафриканската држава е најголем производител на какао во светот и тоа е најголем извор на приходи за Владата. Секое запирање на извозот ќе ограничи прилив на пари за Гбагбо за плаќање на лојалните државни службеници и армијата. Според дипломати, Гбагбо има потреба од околу 150 милиони долари за месец.Секое наметнување таква мерка ќе ги зголеми цените на ка…
Биографијата на основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж кој ја потресе светската јавност со објавувањето на тајни податоци на американскиот Стејт департмент, а која наскоро ќе се појави во печатено издание, најверојатно ќе послужи и како основа за филм.Книгата на австралискиот репортер Андрју Фаулер „Најопасниот човек на светот“, како што е планирано, ќе послужи како основа за филм, во чие снимање ќе учествуваат и компаниите „Џозефсон ентертејмент“ и „Мајкл Крум продакшн“.Основачот на сајтот „Викиликс“, 39-годишниот Асанж беше уапсен минатиот месец поради наводно силување и сексуално …
Претседателот на Венецуела Уго Чавес забрани емитување на колумбиска сапуница во која главни ликови се сестрите Венецуела и Колумбија и кученцето Малиот Уго.Иако во објаснението на серијата „Зла судбина“ стои дека секоја сличност со вистински настани и личности е ненамерна, претседателот се најде навреден од тоа што кученцето го носи неговото име.На Чавес не му се допадна ни тоа што Венецуела е претставена како дрска и полничка жена без манири, која згора на се една од епизодите го губи кучето Уго, а сестра и Колумбија и вели дека и е подобро без него.Чавес пред три години ги забрани и Симп…
Трката за претседател на државата го оштети републиканскиот кандидат Доналд Трамп за 800 милиони долари во само една година, пишува часописот Форбс и додава дека трговецот со недвижнини падна за 35 места на листата најбогати Американци.
Неговото богатство сега се проценува на 3,7 милијарди долари во однос на март кога изнесуаше 4,5 милијарди долари.
Трамп моментално е 156-ти на листата од 400 најбогати Американци која ја предводи соосновачот на Микрософт Бил Гејтс чие богатство во само една година се зголеми од 76 на 81 милијарда долари, а Гејтс е на првото место веќе 23 години по ред.
Т…
Кампањата, која е со наслов „Баста“ што значи „доста“ ја започна преку интернет левичарскиот весник „Унита“ кој е близок до левиот центар.Петицијата е потпишана од над 2.000 жени кои не сметаат дека е успех да ги посетуваат домовите на моќните мажи и од таму да излегуваат со толку пари колку што нормален човек заработува за седум месеци работа.Оваа кампања е слична на минатогодишната, што ја започна весникот „Република“ кога Берлускони повторно се најде во центарот на вниманието поради секс скандал. Името на кампањата беше „Не сум ти на располагање“.Седумдесет и четири годишниот премиер се …
Со повеќе од 2 милиони млади луѓе кои ниту работат, ниту учат, Италија ја има највисоката стапка на безделничка младина во целата Европска Унија. Од италијанскиот Завод за статистика јавуваат дека во 2009-та година, во оваа група спаѓале 21,1% од Италијаните на возраст од 15 до 29 години, речиси дупло повеќе од неактивната младина на Германија. Претходната година, оваа бројка била за 19,2% помала.”Рецесијата најтешко ги погоди младите луѓе, бидејќи 80% од отказите им биле поделени ним. Ова е алармантен податок кој укажува на социјално исклучување. Колку подолго се без образование или работа…
Тепихот со големина од 202 квадратни метри, на унгарската уметничка Ливие Папаи, кој од почетокот на јануари се наоѓа во предворјето на зградата на Европскиот совет во Брисел, ги разбуди духовите во повеќето европски земји.Имено, тепихот ја прикажува Унгарија од 1848. година, во време кога во таа земја владеела Хабсбуршката монархија.Иако се работи за карта од времето на Австроунгарската монархија, т.е. т.н. Голема Унгарија (прогласена во 1867. година), во Брисел овие денови сите ја критикуваат симболиката на изборот на тој историски момент.Имено, во 1848. година Унгарија тргнала во воен по…
Убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме од 1986-та година, било нарачано и платено од југословенската тајна служба, која планирала вината да им ја префрли на хрватските сепаратисти, откриле германските власти.Пренесувајќи детали од случајот, германскиот магазин Фокус пишува дека атентатот бил дел од едно поголемо сценарио на Јосип Броз Тито, кој бил убеден дека хрватските екстремисти ќе ја загубат поддршката од Западот, доколку се покаже дека тие го убиле шведскиот премиер. Тито почина во 1980-та, но полицијата продолжила со реализирање на заверата. Новите клучни докази за атен…