Апр 26, 2011

Хрватски остров ќе биде крстен “Фејсбук“

Мал хрватски остров може да биде крстен “Фејсбук“, во чест на светски најпопуларната социјална мрежа.Овој предлог е на градоначалникот на Хвар, Перино Бебиќ, кој лично го поканил основачот на “Фејсбук“, Марк Цукерберг, годинава својот одмор да го мине на хрватските острови, јавува РИА “Новости“.Ако Цукерберг ја одобри идејата, островот Вели Водњак ќе стане остров Фејсбук.Околу 30 отсто до жителите на Хрватска имаат свои профили на светски најпопуларната социјална мрежа. Бебиќ и жителите на неговата општина се надеваат дека невообичаеното име на стровот ќе го направи многу попознат и попривл…

Апр 26, 2011

Зошто Обама го крие својот извод на родени?

По Доналд Трамп и американскиот сенатор Сам Слом го прозва претседателот на САД, Барак Обама. Тој има нова теорија зошто Обама не сака да го покаже својот извод на родени. Според Слом, на Обама не му е проблем изводот, туку тоа што е запишано во графата татко. Сенаторот од  Хаваи верува дека Обама е роден на Хаваи, но дека можеби сака да ги сокрие деталите за својот татко.“Според моите гледишта, мислам дека Обама веројатно е роден на Хаваи и дека местото каде е роден не е проблем, туку кој е запишан како негов татко“, рекол Слом.Потенцијалниот претседателски кандидат Доналд Трамп го отворил…

Апр 25, 2011

Околу 500 талибанци побегнале од затвор во Авганистан

Околу 500 талибански затвореници, во текот на ноќта успеале да побегнат од затвор во Кандахар, Авганистан, низ подземен тунел.“Тунел долг неколку стотини метри, е ископан јужно од затворот до неговата внатрешност и 476 политички затвореници успеале да избегаат“,  изјавил директорот на затворот.Портпаролот на талибанците, Јусуф Ахмади, потврдил дека зад оваа акција стојат талибанците.Според неговите зборови, од затворот во рок од неколку часови побегнал 541 затвореник, од кои 196 команданти. Ахмади навел дека копањето на тунелот, во должина од 360 метри, траело пет месеци и додал дека бегств…

Апр 25, 2011

Отказ поради „Христос ве сака!“

Телефонски оператор во една голема германска компанија добил отказ бидејќи своите разговори (кои, нормално,  се снимаат поради проверка на квалитетот) ги завршувал со зборовите „Ви благодариме на повикот. Христос ве сака!“Покраинскиот суд во Хам го потврдил отказот и ја одбил жалбата на работникот со образложение дека на работното место не можат да се шират соптвените „погледи на светот“.Работникот (29год.) во своја одбрана истакнал дека никој не се пожалил поради таквото обраќање ниту некој ја откажал порачката.Компанијата му понудила да го задржи работното место доколку го изостави верско…

Окт 19, 2016

Вечерва последната дебата Клинтон – Трамп

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе ја имаат последната, трета претседателска дебата, што ќе се одржи на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас. Темите на дебатата ќе бидат обврските и правата во САД, имиграцијата, економијата, Врховниот суд, меѓународните кризни жаришта, квалификуваноста на кандидатите. Врховниот суд е особено важна тема за Републиканската партија, зашто новиот претседател на државата ќе има право да номинира судија кој ќе го заземе местото на минатата година починатиот конзервативец Антонин Скалија. Ако стане претседател Клинтон, од нејзиниот избор/номинација на судија ќе …

Апр 22, 2011

Фатила бебе кое паѓало од 4 кат

Малото 16 месечно девојче преживеа пад од балкон од четвртиот кат на хотел во Орландо на Флорида благодарение на една британска туристка која го фатила девојчето во последен момент.Хелен Брд во Британија им кажала на полицијата дека била на базен во хотел во Орландо некаде после 23 часот кога и го видела детето кое виси од балкон. Таа потрчала на местото точно под детето и ја следела состојбата додека паѓа удирајќи во балконот на третиот кат.Брд (44) изјавила: „ Јас ја фатив Jah-Nea Myles и го прекинав нејзиниот пад, но веднаш штом ја фатив девојчети ми се лизна од рацете и падна на земја“….

Апр 20, 2011

Зошто не можат да му го замрзнат имотот на Гадафи?

Меѓународните банки добија наредба да го замрзнат имотот на Моамер Гадафи, само уште да знаеја како точно се пишува неговото име и презиме.Американската државна благајна понудила 12 различни опции, но експертите за јазици велат дека всушност постојат повеќе од 100 варијации само за Гадафи.Понудените варијанти на американските властиMuammar GaddafiMuammar GhathafiMuammar ElkaddafiMuammar Al-GaddafiMuammar GadhafiMuammar QaddafiMuammar Al-QadhafiMuammar El0QaddafiMu’ammar GaddafiMuammar QadhafiMuammar Abu Minyar Al-QadhafiMuammar Muhammad GadhafiЛибискиот лидер е само еден пример за проблемот…

Апр 20, 2011

Табли на срамот пред нечесните продавници

Словачкиот министер за земјоделство Золт Шимон, реши пред сите продавници во земјата, кои продаваат неквалитетни продукти да се стави „табла на срамот“. Шимoн се решил на ваков чекор поради неодамнешниот извештај од инспекциите, според кој третина од продуктите што се продаваат во словачките продавници се расипани или неквалитетни.Поради тоа, со измените на Законот за прехранбени производи, продавачите на влезот на продавниците ќе мораат да ставаат табли на кои ќе ги пишуваат резултатите од контролата на инспекциите.Министерот Шимен рече дека во словачките продавници најмногу се продаваат ј…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top