Побараа од комуналните инспектори повеќе да се ангажираат. Меѓу другото, забележаа дека недостасува поголема евиденција на приватното сместување.
Побараа од комуналните инспектори повеќе да се ангажираат. Меѓу другото, забележаа дека недостасува поголема евиденција на приватното сместување.
Денешната седница на советот на општина Струга помина со малку дискусија. Се расправаше за тоа колку од угостителите платиле за користење на јавната површина за време на летната сезона. Претседателот на комисијата за комунални дејности јавно кажа дека не бил задоволен од извештајот и правилникот за користење на градежното уредено земјиште на подрачјето на општина Струга, кој до советот го доставиле комуналните инспектори. Според него, не бил комплетен и содржел многу малку информации.
Тој, пред советот ја искритикува администрацијата и работата на комуналните инспектори. Додаде дека, Струга како туристички град треба поголемо внимание да посвети на оваа проблематика и еднаш да засекогаш да постави ред на работата на угостителите.
Поради овие причини по барање на советникот Зиба, оваа предлог одлука се пролонгира за наредната седница. На денешната 47-ма, советниците го изгласаа и извештајот за општата туристичка пропаганда за оваа година. Советникот Буклиески укажа дека неопходна е поголема евиденција на приватното сместување.
На денешната седница меѓу другото се одобрија и програмите за работа на основните и средните општински училишта за учебната 2008/2009 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град