Зли јазици

Вевчанските Вмровци поединствени од секогаш. „Ниту имало некаков разговор, ниту сум размислувал да ја променам партиската боја“, категоричен градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески.

 |   | 
Pero Ilieski
Перо Илиески

Зли јазици. Така градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, ги нарече најновите гласини во врска преговорите на централно ниво, за негово преминување во ВМРО НП. Илиевски во изјава за ТВМ кажа дека интересно било да се слушнат гласините од ваков карактер, кои според него биле далеку од вистината. Но Илиевски сепак знаел од каде дува ветерот.

„Ги демантирам сите гласини за мое преминување во ВМРО – НП. Шпекулациите не се од оваа партија туку доаѓаат од кујната на екс градоначалникот на Вевчани, бидејќи и објавата во пишаните медиуми е во негов стил“

Илиевски рече дека на локално ниво соработката со ВМРО – НП е на завидно ниво. Тој додаде дека во голем дел и одлуките во интерес на општината Вевчани зависеле точно од таа нивна соработка, со еден збор ништо без нив.

„Решителноста, цврстиот карактер и посветеноста кон матична партија ВМРО – ДПМНЕ, се мои строго зацртани принципи во животот, од кои никогаш нема да отстапам“, вели Илиевски. Тој кажа дека ниту фамилијарната поврзаност, преку кумството со Љупчо Георгиевски, своевремено не можело да го наведе да истапипи од својата политичка определба.

Градоначалникот на Вевчани рече дека незнае, кому во прилог му оди неправедно да клевети и измислува лаги за него, во момент кога партијата е најкомпактна од времето на нејзиното опстојување. Илиески гарантира дека нема никакви поделби во партијата и дека нивната работа се рефлектира преку успешноста во работата на општината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top