Живот исполнет во секој поглед

Успешен менаџер во своите приватени бизниси, без неостварена желба.

 |  Билјана Колоска  | 
Fijat Canoski
Фијат Цаноски

„Сон на секој човек е да има здравје и пари, но јас велам да имам и среќа. И на „Титаник“ имаше многу богати – па бродот потона“- вели Фијат Цаноски.

Успешен, упорен, професионалец – со 3 збора себеси се опиша првиот човек на ПЕИ, кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски. Во животот најмногу ме исполнува љубовта кон моето семејство која неуморно ја давам, а во иста мера и ја добивам, вели Цаноски. Почитувам и сакам да бидам почитуван. Во семејството последниот збор го имам јас, вели нашиот соговорник.

semejstvo CanoskiУште како дете Фијат беше мирен, скромен и упорен во секој поглед,  успесите што ги нижи до денес се должат на неговиот прекрасен карактер, вели неговата мајка. Тој е многу хуман човек, објаснува таа. Ако некој еднаш ми направи добро, јас му возвраќам 3 пати повеќе, потврдува Цаноски. Од секогаш сум им помагал на луѓе кои имале потреба. И покрај моите достигнувања во животот, јас сеуште сум оној истиот Фијат,  каков што сум бил од секогаш. Во ниту еден момент не ги заборавив старите пријатели, додава Цаноски.

Цаноски вели дека речиси и да нема слободно време. Најчесто за викенди заедно со семјството знаеме да отпатуваме некаде, кажува тој. Жалам што, поради големиот број обврски, не можам целосно да му се посветам на внучето од мојот син, но сепак не можам да се пожалам на животот, додава соговорникот.
Речиси и да не постои човек кој нема неостварен сон, но јас можам да се наречам таков, вели Цаноски.

За Цаноски, градоначалничката функција не е тешка обврска. Предуслов за успешен градоначалник е кандидатот да биде добар менаџер. „Кога јас успевам да менаџирам бизниси каде има околу 500 вработени, тогаш оваа работа не би ми претставувала никаков проблем“ истакнува и додава: „Упорноста е моја карактеристика и ќе ми помогне да успеам и во оваа функција“.
Инаку, тој е на 49-годишна возраст, сопруг веќе 30 години и татко на 3 деца.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top