• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Жители од струшките села протестираа пред локалната во Струга, се жалат на немање струја, вода и неисчистени патишта

Тие го изразија своето незадоволство, од како што велат начинот на кој струшката локална самоуправа се справува со проблемите кои настанаа поради снежното невреме кое го зафати целиот југозападен регион.

 |  Мишел Наумоски  | 
protest
протест

Повеќе жители на Делогожда, Подгорци и дел од другите села во струшката околина денес протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Струга. Тие го изразија својот револт поради ситуацијата во која се нашле по обемните врнежи од снег во целиот југозападен регион.

Struga protest uliciДенес со транспаренти во рацете се пожалија на катастрофална состојба на патиштата, недостаток на вода, струја како и лошо менаџирање со општината. Членови од иницијативниот одбор за протестот, кои за жал немаа преведувач на македонски јазик, поставија неколку барања до градоначалникот на Струга, Зијадин Села за подобрување на нивната ситуација. Тие од него побараа да се исчистат патиштата во рок од три дена, да се преземе одговорност за тоа што останале без вода, потоа за рушењето на киосците во градот, јавно да проговори за според нив незаконското анулирање на тендерот за транспорт на учениците. Од иницијативниот одбор воедно му порачаа на градоначалникот Села дека тие се разочарани од неговото менаџирање со градот и побараа доколку не бил во состојба добро да менаџира со градот, да ја напушти општината. Села истакна дека зад денешниот протест стојат политички мотиви.

protest sneg„Се жалат дека немаат струја, но јас немам надлежност на тоа, јас сум градоначалник, а не директор на ЕВН, а како градоначалник, сум побарал од ЕВН да интеревенираат во мрежата бидејќи таа е амортизирана и сите бандери се искривени. За жал, неме слушаа и сега оваа хаварија што се случи беше последица на тоа што децении не е работено на одржување на мрежата на ЕВН. Проблеми со вода за пиење немало, туку само во деновите кога немаше струја.“-вели градоначалникот, Зијадин Села.

Што се однесува за чистењето на патиштата, Села потенцира дека ниту едно од поголемите, туку само некои од помалите планински села каде што нема жители имале проблем со блокирани патишта, но сите останати населени места во Струга, според него имале комуникација со градот. Села остро реагираше на барањето кое до него го поставија членовите на иницијативниот одбор кои денес протестираа, јавно да одговори за отстранувањето на киосците низ градот.

ulici Struga„Имаат некои други барања на пример зошто јас сум рушел киосци, трафики кои ги рушам во општината, што не е на крајот на краиштата нивна работа, тие се нелегални објекти кои многу години се во Струга, сега не сакам да зборувам што направил претходниот градоначалник, туку сум ветил дека ќе го чистам градот од хаосот и ќе продолжам и нема да потклекнам врз ако се смета тоа како притисок на неколку души таму, за да престанам со таа акција, јас ќе продолжам и ќе го направам тоа.“-рече тој.

Инаку градоначалникот, денес во својата канцеларија прими на разговор дел од членовите на иницијативниот одбор кои го организираа протестот, но им порача дека не ги прифаќа нивните услови. Тие пак, рекоа дека со оглед на ситуацијата ќе бидат приморано повторно ќе организираат протести за чие одржување дополнително ќе информираат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top