Жителите на Враништа утре повторно на протест

Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.

 |   | 

Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.

Протестот ќе се одржи во периодот од 16:00 до 17:00 часот кај „Шумски мост“.

На претходниот протест што се одржа на 15-ти август, мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.

Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност за подобар социјален живот и рекреација.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top