Невладиниот сектор кој работи на проекти за борба против семејното насилство, до 2015 очекува да се отвори кризен центар во Струга. Тоа им е повеќе од неопходно бидејќи во моментов ниту Центарот за социјална работа ниту секторот за внатрешни работи од Струга нема каде да ги смести жртвите. НВО Езерка од Струга се вклучува во 16 дневниот активизам за одбележување на деновите во борба пртотив насилството врз жената.
Во борбата против семејното насилство треба да се работи на економското зајакнување на жената, бидејќи економски јака жена помалку ќе го трпи насилството и ќе каже не на торетурата, вели Драгица павлеска Попеска претседателот на НВО Езерка од Струга. Податоците на државно ниво кои говорат дека за 25% е зголемен бројот на пријавени случаи на семејно насилство од почетокот на годината до септември, споредено со истиот период лани, се бележат и во општина Струга, потенцира Попеска. Додава дека тоа се должи на фактот што добар дел од предрасудите се надминати и жртвите се повеќе се осмелуваат да го пријават насилството.
„Мислам дека НВО се користи повеќе за пријавување затоа што кај нас нема испрашување. Ние ги сослушуваме жртвите им даваме морална поддршка и ги упатуваме во и нституциите. Често пати по кажување на жртвите што не значи дека тоа е точно не се одлучуваат да го приајват случајот во институциите поради што стравуваат дека од некој вработен можат да бидат кажани на сопругот“ – вели Попеска.
Попеска нагласува дека 95% од насилниците се мажите, а најзастапено е психичкото насилство врз жртвите кое е и најстрашно од сите видови насилства, бидејќи истото се одвива континуирано. Таа потенцира дека во општина Струга се соочуваат со реален проблем бидејќи ниту полицијата ниту Центарот за социјална работа нема каде да ги сместат жртвите.
„Немаме никакво прифатилиште, нема ниту кризен центар од помали размери и со пократок рок. Ние кога ја поднесовме програмата за работа до Владата пријатно бевме изненадени од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која начлено идејата за отворање на кризен центар ја поздрави и ја смета како прифатлива и ако се здружиме сите заедно НВО може до 2015 година да добиеме еден таков центар“ – нагласува Попеска.
Таа децидна, дека секоја жртва која ќе се обрати до нив е максимално заштитена и најпрво и даваат психо-социјална поддршка, бесплатна правна помош и ги упатуваат или во центарот за Социјални работи или во Секторот за внатрешни работи. Попеска вели дека освен врз жената, домашнот насилство се одразува и врз децата дури и кога тие не се дирекно засегнати. Скандалите меѓу родителите, избувнувањето на агресија и насилство се рефлектираат врз емоционалниот и психичкиот развој на децата оставајќи трајни негативни отпечатоци, односно децата во нивната зрелост го копираат моделот на однесување на своите родители.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град