Жените во Македонија се најактивни

Со 30% се присутни во Собранието на РМ, а речиси исто толку ги има и во локалните совети.

 |  Билјана Колоска  | 
sostanok
состанок

Со 30% се присутни во Собранието на РМ, а речиси исто толку ги има и во локалните совети.

Жените во Македонија се доволно вклучени во телата на одлучување. „Со добра организација успеавме да бидеме вклучени во сите сфери, посебно во оние кои имаат големо влијание врз нашиот живот. Во парламентот 32% од  пратениците се од женскиот пол, додека во локалните совети се вклучени приближно  30%. За жал, во Македонија нема ниту една жена на градоначалничка функција“ вели пратеничката Лилјана Попоска, претседател на комисијата за еднакви можности при Собранието на Р. Македонија, и додава „Сепак, радува податокот што ситуацијата, за разлика од некогаш, сега е значително подобрена“.

sostanok„Ние сме на врвот на табелата на светско ниво, по вклученост на жените во сферата на живеење.На исто рамниште сме  со Европскиот парламент“- вели  Попоска.

Освен политиката, во Струга жената има мал удел во здравството, туризмот и други значајни области, вели претсетаделот на Комисијата за еднакви можности при
Локалната самоуправа, Љуљзиме Зулали. Се надева дека состојбата ќе биде променета доколку за тоа има помош и од комисијата на централно ниво.

За таа цел, успешно попврзување на комисиите на централно и локално ниво, денес во Струга се организираше јавна трибина,  на која се разменуваа мислења и се бараа начини како да се решат проблемите кои директно и индиректно се поврзани со родовата еднаквост.

„Во иднина ваквите средби ќе бидат почести, ќе настојуваме да биде пракса на едно место да ги собираме жените и отворено да разговараме за нивните проблеми со кои секојдневно се соочуваат“- вели Лилјана Затуроска, член на комисијата за еднакви можности при Собранието на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top