Меѓународната заедница конечно застана зад еден од најкритичните проекти што треба да се одвива во регионов, а тоа е проектот за управување со басенот на реката Дрим.
Меѓународната заедница конечно застана зад еден од најкритичните проекти што треба да се одвива во регионов, а тоа е проектот за управување со басенот на реката Дрим. Со менаџирањето на овој басен меѓу другото ќе се овозможи и максимално искористување на неговиот хидропотенцијал. Знаејќи го фактот дека Македонија а особено Албанија имаат недостиг од електрична енергија ова е многу важен сегмент.
Се поизвесна реализацијата на проектот за управување со басенот на реката Дрим. Тој предвидува мерки кои во првата фаза ќе опфатат вмрежување на активностите кои се одвиваат околу заштитата на Преспанското, Охридското и Скадарското езеро. Зад овој проект застануваат земјите на регионот, а и меѓународната заедница која ќе даде техничка и финанасиска подршка.
Значењето на овој проект е повеќекратно. Со управувањето на дримскиот басен ќе се овозможи и максимално искористување на неговиот хидропотенцијал. Знаејќи го фактот дека Македонија а особено Албанија имаат недостиг од електрична енергија и увезуваат од останатите земји во регионов ова е многу важен сегмент. Планирано е и формирање мултилатерална комисија за управување со дримскиот басен.
Првата фаза на проектот треба да започне во првото тромесечие на 2009 год., а главната фаза кон крајот на годината. По спроведувањето на овој проект би следувале низа на демонстративни проекти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град