Зелено светло за флуорираното млеко

Во Струга, веќе втор ден како децата го внесуваат флуорот во организмот преку млеко.

 |  Колоска Биљана  | 
logo
лого

Во Струга, веќе втор ден како децата го внесуваат флуорот во организмот преку млеко.

Децата почнаа да го конзумираат флуорираното млеко. Веќе втор ден, во градинките во Струга, за доручек децата  во одредени количини го пијат млеко збогатено со флуор. Родителите, иако на почетокот не сакаа да ја прифатат стратегијата на Министерството за Здравство,  сепак сега поголем број од родителите имаат поинаков став од оној првичниот, вели директорката на детската установа „Сонце“.

deca„На почетокот имаше дилеми, се вршеа и различни анкети и на почекоток имаше отпор за се се дава флуорирано млеко во градинките. Сега, секој ден се повеќе родители бараат нивните деца да пијат флуорирано млеко“-истакна Симонка Јаканоска, дир. ДУ „Сонце“-Струга.
Процесот на конзумирањето на флуорираното млеко, и координираната работа на надлежните во детските установи, деновиве будно ја следат стоматолози.
„Ние стоматолозите треба да насочиме на кој начин да се применува млекото. Правилно да се распореди во чаши од 200 мл. Тоа е оптимална доза која треба да ја внесат децата во текот на денот“-истакна стоматологот, Весна Кукоска.
Флуорираното млеко е добредојдено за секое дете, само треба да се внимава тоа да се конзумира во дозволените количини. Ако децата побараат уште една чаша млеко, претпоставените во детските установи треба да внимаваат тоа да биде обично млеко, потенцира Кукоска.
Таа упати порака до родителите, доколку нивните деца флуорот во организмот не го внесуваат преку млеко, тоа да го сторат преку флуоро таблети. Потенцира дека флуорот подобро би било да се внесува  преку млекото и дека тој воопшто не е штетен за здравјето на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top