Додека првиот човек на Опшата болница од старт покрил 10 проценти од долгод, директорката на „Здравствен Дом“ има мирен сон.
Додека првиот човек на Опшата болница од старт покрил 10 проценти од долгод, директорката на „Здравствен Дом“ има мирен сон.
Струшките здравствени установи се извлекуваа од долгот. Првиот човек на „Општа болница“ вели дека напорно работи за да ја покрие финансиската дупка на оваа здравствена институција, која им ја направиле претходните раководства. Опшатата болница има наследено долг од 32 милиони денари од разни добавувачи и околу 6 милиони денари према јавните установи за различни потреби. Директорот Ментор Ибрахими вели дека со самото доаѓање на оваа функција уште од први септември оваа година, веднаш се заангажирал да го намали долгот на болницата.
„Првата моја финансиска интервенција беше да се намали долгот и факт е дека успеав во тоа, за 10 %. Со тек на време се надевам ќе успееме со наши средства да го исплатиме долгот“ вели Ментор Ибрахими, директор на ЈЗУ Општа болница-Струга.
За разлика од Општа болница, Здравствен Дом ги покри заостанатите долгови. По делбениот биланс, оваа здравствена установа наследи долг близу 19 милиони денари. Од нив, 2 милиони денари ги испалил претходниот директор, додека другите 17 во рок од 2 години, од кога воедно со Здравствен Дом менаџира Вера Попоска, е исплатен во целост. Директорката Попоска истакна дека долгот го намалила на нула, пред се со правилно менаџирање на средствата. Ова му го порача и на нејзиниот колега од Општата болница, дека само со транспарентно трошење на парите ќе го покрие заостанатиот долг на здравстената установа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град