Здрав човек, заштитена животна средина

Овие се ефектите кои се добиваат, доколку се произведува и  конзумира органска храна.

 |  Билјана Ќосеска  | 
logo
лого

Овие се ефектите кои се добиваат, доколку се произведува и  конзумира органска храна.

За  жал кај нас нема таква навика. Поради тоа, Локалната агенција за Равој од Струга, во соработка со нивни колеги од Поградец,  изготвија проект, преку кој ќе ја подигаат јавната свест.

Охридско струшкиот регион има многу добри услови за производство на органска храна но не се доволно искористени. Освен тоа, локалното население за жал многу малку е информирано за предностите доколку конзумираат здрава – органска храна. Во маркетите ваквите производи се во мал број, а во менито на рестораните речиси и да нема на храна од ваков вид.

„Во рестораните не сум запозната дека нудат ваква храна додека во маркетитес органска храна се производите од „Виталија“ и тоа не е доволно. Сакаме да се продаваат ло производи од земјоделци од регионот а не да се увезува органска храна“-истакна Катерина Василеска од Локалната агенција за Равој од Струга.

sostanokСо органската  храна добиена по природен пат  освен што го подобруваме нашето здравје, ја заштитуваме животната средина. Тоа од посебно значење е за овој регион, каде се наоѓа охридското езеро.

„Алтернативен начин да се заштити езерото  е барем околу него да се произведуваат производи кои не употребуваат агро хемикали, пестоциди или генетско модифицирани  организми“-вели  професорот по биологија, Нестор Јаулески.

Самото лого „Грижисе за себе  за природата“  кажува дека пред се преку конзумирање и поризводство на органска храна, може да се постигне многу. Проектот кој го изготви Локалната агенција за Равој од Струга, во соработка со нивни колеги од Поградец,  има за цел да се стимулира производството и потрошувачката на органската храна во општините во Охридско-Преспанскиот регион и да ја зголеми  свеста за позитивното влијание врз здравјето.  Проектот ќе трае 15 месеци, почнувајќи од овој месец, и ќе се имплементира во општините:Струга, Охрид, Ресен Дебарца и Поградец. Изготвувачите очекуваат дека преку капмања за произвдство и конзумирање  на органската храна ќе се зголеми свеста кај граѓанте. Очигледно е дека тоа е долгорочен процес,  но доколку се стекне оваа навика ќе имаме  и долгорочна заштита на животната средина и позитивен ефект на нашето здравје, порачуваат стручните лица.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top