Завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга. Директорите велат дека се подготвени од четврток да започнат со настава со физичко присуство. Во основните училишта во струшко, каде наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство до денес нема ниту еден заболен ученик. Дали средношколците од Струга ќе се вратат во училипните клупи ќе зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.
Завршува препораката за онлајн настава во училиштата во Струга и Кичево. Според министерот за здравство епидемиолошата состојба дозволува и во овие градови образовниот процес, од четврток да продолжи со физичко присуство.
Доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали треба продолжување или учениците ќе започнат со настава со физичко присуство – рече Филипче.
Од средните училишта во Струга велат подготвени се за настава со физичко присуство.
Ние и минатата година цела година во екот на пандемијата практичната настава ја изведувавме со физичко присуство мислам дека одлично одговоривме на предизвиците немавме ниту еден ученик заболен и ниту еден професор заболен мислам дека функциниравме беспрекорно со почитување на сите мерки и протоколи – вели Кети Јанкоска директор на Нико Нестор.
Во основните училишта во струшко наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство и до денес нема ниту еден заболен ученик, ниту наставник.
Подготвени сме и со физичко присуство да почнеме уште денеска – вели Бесиме Јонузи директор на гимназијата „Ибраим Темо” Струга.
Кризниот штаб на општина Струга, поради лошата епидемиолошка слика, побара одлагање на стартот на учебната година. Како ќе продолжи наставата во средните училишта во Струга од четврток се чека конечната одлука на Комисијата за здравство.
Новнар Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град