Учесниците кои бесплатно ќе можат да бидат дел од оваа манифестација, ќе се натпреваруваат во пливање, ватерполо, нуркање, кајак, пинг-понг и многу други спортови.
Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани. Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина.
„Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.
„Суштината и идејата е на едно место , граѓаните на Република Македонија и посебно најмладите наши сограѓани да можат да се запознаат со што е можно поголем број на спортови и тоа да го добијат бесплатно. Значи да можат да пробаат кајак, да пробаат едрење, да пробаат нуркање, да можат да ги пробаат сите овие спортови. Исто имаме застапено и спортови како пинг-понг, значи ќе има рекреативни турнири во пинг-понг. Очекуваме одбојка на плажа за некој ден да обезбедиме услови така што е добро и за градот Струга и за спортските работници во Струга.“-вели Лазар Попоски, директор на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Оваа спортска манифестација се одржува на Машка и Женска плажа, а на лице место уловивме и дел од учесниците во пинг-понг турнирот. Тие ја пофалија манифестацијата, но велат потребно е Агенцијата уште повеќе да вложува во развојот на спортовите.
„Оваа манифестација што ја организира Агенцијата за млади и спорт е одлична организација. Ние како пинг-понгарски клуб ја поздравуваме и ова е манифестација која навистина секоја година треба да се спроведува.“-изјави претседателот на пинг-понг клубот „Струга“ од Струга, Никола Поповски.
„Спортско лето 2012“ инаку е проект на Сојузот на спортски федерации на Република Македонија за кој средства обезбедила токму Агенцијата за млади и спорт. Стружани, сите туристи и посетители ќе можат да уживаат во спортското лето и сите негови дисциплини се до 27ми овој месец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град