Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.
Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.
Заокруживме една успешна декада постоење на овој фестивал, се радуваме што фестивалот е веќе јасно препознатлив во нашата земја и пошироко. Вевчани отсекогаш бил достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, а токму и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон богатото македонско културно наследство. Целта на фестивалот е да ја афирмира духовна култура и традиција на Македонија, да овозможи запознавање со културата и традицијата на други земји од светот, да ја збогати туристичката понуда во Вевчани и регионот. Во изминатите 10 години успеавме во тоа и се надеваме на уште подобри изданија во иднина- изјави д-р Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол“.
Фестивалот започнува денеска со стручна едукативна вечер на тема: „Народните ора низ призмата на етнокореолошките записи“ на која ќе говори м-р Стојанче Костов, асистент и истражувач на народни ора од Институтот за фолклор„Марко Цепенков“- Скопје.
Народната култура на својата земја оваа година на сцената во Вевчани ќе ја презентираат: КУД„Дримкол“- Вевчани, КУД„Илинден“- Струга, КУД„Соко“- Инџија, Р.Србија, КУД„Илинден“ – Демир Хисар, а преку целовечерен концерт под наслов: „Приказни од чаршијата“ ќе се претстави КУД„Илинден од Битола.
Покрајсценско уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот се реализира и програмската содржина: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, на која тема оваа година во Вевчани ќе слика академскиот сликар Јане Бакрески, ликовен уметник и доцент по визуелни уметности на универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид.
Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на 19 август со етно звуците на македонскиот народен оркестар „Осоговски Извор“- Оризари, Кочани и настап на КУД„Соко“- Инџија,Р.Србија. Фестивалот оваа година е под покровителство на Сава пензиски фонд АД Скопје и Општина Вевчани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град