Запленет боливиски кокаин вреден полoвина милион евра

Со тоа пресечен е меѓународен канал за транспорт на кокаин.

 |  Крсте Голабовски  | 
kokain
kokain

kokainЕдиницата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал и Царинската служба на РМ во соработка со полициските служби на СР Германија, а во координација на СЕКИ центарот од Букурешт, вчера по спроведена заедничка операција на контролирана испорака на дрога на релација Санта Круз, Боливија, преку Франкфурт, Германија со крајна дестинација Охрид, Р. Македонија, пресече меѓународен канал на транспорт на кокаин при што се запленети 1,465 килограми. висококвалитетен кокаин, чија малопродажна вредност на пазарот на наркотици би можела да достигне и до половина милион евра. Денес, пак, по вчерашната акција, МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против лицата З.У (42) од Охрид, Ф.К. (34) од село Велешта, струшко, Б.П. (29) и В.П. (54) и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

kokainСпоред сознанијата прибрани во текот на полициската операција, пријавените во почетокот на месецов, неовластено заради понатамошна продажба, од извесно лице – Victor Hugo Salvatierra Cespedes (лице кое е наведено како испраќач во испратницата) од Санта Крус, Боливија, за неодредена цена, набавиле еден килограм и 465 грама висококвалитетен  кокаин. На 09.01. царинските служби од СР Германија на Меѓународниот аеродром во Франкфурт, детектирале поштенската пратка со која се транспортирал филтер за вода за водна пумпа во чијашто внатрешност била сокриена наркотичнаа дрога кокаин. Пратката била испратена од Боливија со крајна дестинација Охрид, Р.Македонија, при што како примач на пратката бил наведено лицето Б.П., Виа Населба Охрид 6000 Р.Македонија, а испраќач на поштенската пратка на пакетот  било погоре посоченото лице од Боливија. Со цел обезбедување докази за реализирање на случајот и идентификување на криминалната група, спроведена е меѓународна операција – контролирана испорака на наркотична дрога кокаин за применети се посебни истражни мерки. Од страна на Одделот за криминалистичка техника при МВР извршен е увид на лице место, при што е констатирано дека во поштенската пратка (пакет) е пронајден филтер за вода за водна пумпа, во чија внатрешност бил сместен предмет со цилиндрична форма со должина од 43 см и дијаметар од 9 см, кој бил наполнет дрогата кокаин. При натамошното вештачење, меѓудругото, утврдено е дека кокаинот бил со чистота од 95 отсто и дека со додавање на други примеси, заради препродажба, би се добило повеќекратно зголемување на количината на одземениот кокаин. Четворицата пријавени се приведени во службените простории на ПС “Гази Баба“ каде е извршен службен разговор во врска со пронајдениот пакет и предметите во него, а потоа заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени на надлежен Истражен судија. Од страна на МВР се преземаат дополнителни активности за утврдување на евентуалната инволвираноста и на други лица во овој случај.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top