Запалено македонското знаме во Струга

Четириесет и седумгодишниот Исмаили Минир од струшкото село Шум, пред општинската зграда во Струга го извадил македонското знаме и го запалил, а потоа избегал од местото.

 |   | 
gori makedonskoto zname
gori makedonskoto zname

Вчера, четириесет и седумгодишниот Исмаили Минир од струшкото село Шум, пред општинската зграда во Струга го извадил македонското знаме и го запалил, а потоа избегал од местото. Полицијата го привела на информативен разговор во полициска станица во Струга, половина час откако го сторил делото.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски информира дека сè уште се утврдуваат мотивите поради кои Минир го запалил знамето, а со подетални информации ќе излезат откако ќе ги разјаснат околностите и деталите.

Настанот го пријавиле стружани, кои биле очевидци. Од полицијата потенцираат дека не се работи за знамето кое се наоѓа пред општинската зграда во Струга, туку дека лицето го носело со себе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top