Заостанати патни трошоци

Даниела Будиноска која има нарушена бубрежна функција, 7 месеци од сопствен џеб ги плаќа патните трошоци од нејзиниот дом до Центарот за дијализа во Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
dijaliza
дијализа

pacientkaЦели 7 месеци неисплатени средства за превоз. Даниела Будиноска 15 години е на дијализа. Нејзината здравствена состојба последниве две години се искомплицирала повеќе. Таа се движи со медицински помагала и не може без дополнителна помош од друго лице. Будиноска вели дека покрај маките со болеста, последниве неколку месеци се соочува и со административен проблем од Фондот за здравство во Струга. Имено, таа не може да патува со комби возилата и мора на дијализа до оди со такси. Иако патува со такси, таа уредно до Фондот приложувала фискална сметка за надомест на патните трошоци кои законски и следуваат, но по се изгледа без повратен ефект.
„Цело време во Фондот за здравство во Струга ми даваат лажна надеж дека средствата ќе ми бидат исплатени“, вели Будиноска. Таа за овој проблем се обратила и на централно ниво. Од таму добила позитивен одговор дека средствата мора навремено да и се исплатуваат.
Коста Фармакоски, раководителот на Фондот за здравство од Струга, вели дека бил запознаен со овој случај. Тој изјави, „рефундирањето на средствата за превоз на пациентите досега се вршеше строго законски со приложување на возниот билет на пациентот“. Фармакоски појасна дека од први април веќе има олеснување во тој дел и средствата се рефундираат само со потврда од Центарот за дијализа. „Што се однесува до заостанатите средства за патни трошоци на пациентката Даниела Будиноска, тие во рок од 10 дена ќе и бидат надоместени, додава раководителот на Фондот за здравство“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top