Аргетим Асани, заменик директор на Управата за јавни приходи на Македонија денеска околу 13 часот и 20 минути беше смртно застрелан во центарот на Струга. Кон него било пукано од автомобил во движење. Владејачката ДУИ го осуди инцидентот но од таму велат дека Асани не е член на партијата.
Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани убиен сред бел ден во Струга. На ул. Маркс Енгелс на само 30 тина метри од Полициската станица во Струга од автомобил во движење било пукано со повеќе истрели кон Асани. Тој со прострелни рани бил веднаш пренесен во струшката општа болница каде за жал само констатирале смрт.
Местото на инцидентот веднаш беше обезбедено од полицијата во радиус од 50 метри а зголемено полициско присутво имаше низ целиот град. Блокирани беа неколку улици во центарот но и излезите од Струга. На местото на инцидентот во присуство на јавен обвинител и полициски службеници се вршеше увид. Сторителите како и мотивите за убиството треба да ги даде истрагата.
Стружани видно вознемирени од вооружениот инцидент во градот. Не сакаа да зборуваат пред камера, но очевидци на настанот за ТВМ коментираат, дека откако од возилото биле испукани неколку проектили, тоа се вратило во рикверц и повторно било пукано кон Асани, за потоа со шкрипење на гумите да избега од лице место.
Од СВР Охрид го потврдија настанот но повеќе детали најавија после истрагата.
ДУИ го осуди инцидентот во Струга во кој беше убиен Аргетим Асани и истакнуваат дека убиениот заменик директор на УЈП не е член на партијата ниту е партиски функционер. Од ДУИ за некои медиуми кажаа дека инцидентот во Струга има криминална заднина.
Асани ѝ стана познат на пошироката јавност минатата година откако беше повреден во конфликт во врска со внатрепартиските избори на ДУИ во Струга. Во декември минатата година, во тепачка меѓу поддржувачите на струшките функционери на ДУИ Рамиз Мерко и Арбен Лабеништа, Асани се здоби со полесна повреда. Инаку Асани беше заменик директор на УЈП од 2013 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град