Законот за продажба на алкохолни пијалоци во Струга се почитува

Сопстевниците на трговските објекти ги применуваат стандардите кои им ги диктира законот. Ова го потврдија и пазарните инспектори.

 |  Билјана Ќосеска  | 
vino
вино

Сопстевниците на трговските објекти ги применуваат стандардите кои им ги диктира законот. Ова го потврдија и пазарните инспектори.

Алкохолот после 19 часот под клуч. Веќе втор месец откако се спроведува новиот начин на продажба на вакви пијалоци. Во Струга, речиси сите поголеми маркети имаат лиценца за вршење на продажба на вакви алкохолни пијалоци. Во секој продажен објект, има одредено посебно место наменето за ваквите видови пијалоци. Со тоа се докажува оти сопствениците се придржуваат на прописите кои им ги диктира законот. За тоа потврдуваат и самите потрошувачи кои велат дека во сите маркети се почитува законот и алкохол не се продава после 19 часот.

prodavnicaСтружани упатија критика дека,  тоа не важи и за помалите продавници. Бараат од пазарните инспектори поголема ажурност, со цел сите сопственици на трговски објекти да се придржуваат на  измените  и дополнување на Законот за трговија.  Пазарните инспектори велат,  од досега спроведените контроли скоро сите сопственици на трговски објекти се придржуваат на законските прописи.

Пазарните инспектори  од Струга, често вршеле контрола по трговските објекти  со цел да утврди дали  се врши продажба согласно на одредбите од Законот. Инаку законот налага алкохолоните пијалоци  да бидат одвоени од другите производи. Нивната продажба  е дозволена од  шест часот наутро до 19 вечерта. Забранета е и продажбата на алкохолните пијалоци, вклучувајќи го и виното и пивото во продавници во состав на бензиските пумпи, киосците и на зелените пазари. Сите оние кај кои ќе се констатираат неправилности ќе платат глоба и тоа 5 000 евра за правни лица, 600 евра за одговорно лице и 400 евра за службено.Кај оние трговци кај кои ќе се утврди прекршување на законските одредби ќе им биде одземена лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци, а барање за нова ќе може да поднесат во рок од една година,  сметано од денот на одземањето на лиценцата. Оваа законска одредба стапи на сила од 1 септември оваа година.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top