Заедно за Струга – со музика песни и игри

Почна реализација на проектот „Декада на припадност, Славење на различноста“. Преку овој проект организаторот Локалната агенција за развој „Креативни и Активни“, сака да докаже дека соживотот и соработката треба да биде вистинскиот избор за југозападниот регион. Синоќа во Струга се одржа предновогодишниот хепенинг „Заедно за Струга, со музика, песни и игри“.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Музиката е универзален јазик преку кој можат да се спојат сите различности. Настанот „Заедно за Струга – со музика, песни и игри“ кој се одржа синоќа во Струга, беше само потврда дека не постои етничка бариера помеѓу младите од различни етникуми на оваа општина, изјави Катерина Василеска од Локалната агенција за развој „Креативни и активни“. Предновогодишниот хепенинг е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел, е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, додава Василеска.

„Сакаме на еден позитивен начин да им покажеме на граѓаните од југозападниот регион, меѓу кои што е и Струга дека може да припаѓаат на овој регион и да ги ценат различностите, бидејќи тоа е едно богатство и благосостојба“.

Наставникот по музичко во ОУ „Јосип броз Тито“ Климент Јанкоски, го поздрави настанот и истакна дека ова треба да премине во пракса бидејќи младите од градот и околината од различни етникуми меѓусебе се дружат.

Децата беа презадоволни од учеството бидејќи сепак имавме можност да се прикажеме во најдобро светло и во повеќе етникуми“.

Проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“,е финансиран од Европската Унија и ќе се реализира во наредните три години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top