Втора нелегална гинеколошка ординација откри ДЗСИ во Струга

Уште една нелегална гинеколошка ординација открија инспекторите во Струга. Здравствениот здравствен и санитарен инспекторат го затвори објектот и побара одземање на дозволата за работа. Ова е втора нелегална гинеколошка ординација откриена во Струга. Пред едем месец по пријава од пациентка беше откриена ординација  во домот на директорот на струшката болница.

 |  Соња Рилковска  | 

Лекарка од Струга, вработена во општата болница, приватно, нелегално  работела  во ординација  на име на прензиониран лекар. Здравствените инспектори вчера  по двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, заедно со полицијата влегоа во  објектот  каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство.

„Објектот воопшто не бил обележан за дејноста. Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ Општа болница Струга. При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година“, стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспектрат.

Ова е втора  нелегална гинеколошка ординација  откриена и затворена во Струга. Првата ппред еден месец беше во сопственост на директорот на струшката болница.
Докторката од Струга со кратка порака до јавноста информира дека  после пензионирањето на докторот таму не се вршеле гинеколошку прегледи, туку просоторт се кроистел како амгацин.
ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на дејност, а истовремено ќе бара  одземање на дозволата за работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top