Вредна донација за болница

Два шлепери медицинска опрема пристигнаа во Општата болница во Струга. Се работи за донација од Мичиген, Детроит, вредна 500.000 долари, за која посредуваше локалната самоуправа на општина Струга преку Претседателот на Советот.

 |  Билјана Николоска  | 
donacija
донација

donacijaСтрушката болница доби донација од Америка. Се работи за медицинска опрема во вредност од околу 500.000 долари, донирана од американска хуманитарна организација. Првиот човек на струшката болница Ментор Ибраими вели дека донацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на услугата кон корисниците. Додава дека истата иако е употребена, добро е сочувана и пософицистирана од онаа со која во моментов располага установата.

Грижата за здравјето на граѓаните на општина Струга ја чуствувам и како моја, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека иако не е по струка доктор, се чуствува одговорен, пациентите во секое време да добијат квалитетна услуга.

Ова е втора поголема донација после Швајцарската, која беше дистрибуирана во установата пред 6 месеци. Тогаш струшката болница доби електрични кревети и апарати. Мерко вели дека нивните намери во поглед на здравството и подобрување на квалитетот на истото се реална заложба. Дека нашите намери се искрени почекавме да помине предизборната кампања за да ја обелодениме информацијата во јавност, бидеќи донацијата пристигна во петокот, на 3ти Јуни, додава тој. Околу легалноста и приемот на вредната донација, менаџерскиот тим на болницата ги има сите потребни документи, како и одобрението од ресорното министерство.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top