Три витрини со водни животни се дел од изложбата која е поставена во Музејот Никола Незлобински, Струга. Станува збор за оргинални видови кои ги има во Охридското Езеро, вели препараторот Васко Јолески. Оваа изложба понатаму ќе ги прошета струшките училишта со цел сите ученици да имаат можност да дознаат нешто повеќе за водните видови.
Биолошкото одделение од Природно научниот музеј Никола Незлобински од Струга, се вклучи во одбележувњето на Европските денови на културното наследство со изложба насловена „Водни животни“. Таа е дело на Васко Јолески кој работи како препаратор во Приридно научниот Музеј.
„Во оваа изложба застапени се неколклу видови водни животни, змии, јагула, мренка, клен карас и краби, Охридското езеро има премногу видови и не може да се презентираат со мала изложба. Ова е моја прва изложба како препаратор во природно научното одделение во музејот во Струга, под менторство од препаратор во пензија Македон Петличаров“
Јолески кажа дека сите заинтересирани сеуште можат да ја погледнат изложбата која што е поставена во Музејот. Според него сеуште немаат конкретно одлучно што понатаму ќе се случува со оваа изложба.
„Верувам дека најверојатно оваа изложба ќе побуди интерес по школите и ние секако дека би ја однеле да ја видат сите заинтересирани пред се најмладите ученици“
Изложбата во Музејот Никола Незлобински во Струга ќе биде поставена до 28 овој месец. Младите препаратори и биолози најавуваат поголемо заживување на музејската дејност во делот на вакви и слични активности кои пред се ќе имаат афирмативен карактер, со цел да се врати некогашното реноме на оваа природно научна установа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град