Во струшко стабилизирана ковид состојбата

Стабилизирана ковид состојбата во струшко. Во регионот на Здравствен дом Вевчани околу 50 % од населението е имунизирано, додека во општина Струга околу 40% од населението примило вакцина против корона вирусот.
 |   | 

Над 50% од полнолетните граѓани во регионот што го покрива здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во општина Вевчани и околните струшки села е вакцинирано. Состојбата со корона вирусот е стабилна, се намалува борјот на ковид позитивни пациенти. Има само 15 активни случаи од кои на болничко лекување се само тројца пациенти.

Негде околу 50% имаме вакцинирани од полнолетните граѓани. Моментално вакцинираме само со Фајзер и задоволителна е заинтересираноста. Вакцинација се врши на два пункта во Вевчани и Лабуништа – истакна Стојкоски.

Започна вакцинација и со трета бустер доза на вакцина. Засега интересот е мал, заинтересирани се претежно здравствените работници и повозрасните лица.

Не е голем интересот меѓутоа со оглед на тоа да негде се потребни шест месеци од втора доза, а тоа ќе биде од 15-ти октомври мислиме дека ќе има интерес поготово кај граѓаните постари од 60 години – додава Стојкоски.

Во градот Струга, намален е интересот за вакцинација. Од Здравствениот дом велат имаат доволно вакцини, но слаб е интересот од граѓаните.

Според последните анализи на Министерството за здравство Охрид е во градовите рекордери по вакцинација, додека соседна Струга има помал процент на имунизирани граѓани од околу 40%.

Новинр Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top