Во Струга под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот

Граѓанските здруженија од Струга бараат под итно да се постави мерна станица за испитување на квалитетот на воздухот. Биолозите предупредуваат дека белодробните заболувања последниве две години се во пораст, што како причина го наведуваат точно квалитетот на воздухот.

 |  Николоска Биљана  | 

Струга сеуште не е дел од мрежата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Според најавите на Министерството за животна средина , стружани за поставување на една мерна станица треба да чекаат дури до 2021 година. Граѓанските здруженија на ваквата одлука од страна на ресорнот министерство реагираат и сметаат дека во Струга под итно треба да се постави мерната станица. Ардијан Демири од граѓанска иницијатива „Стружани за Струга“ смета дека министерството треба да го промени планот.

Апсолутно сметам дека сите чинители кои што придонесоа за влошување на амбиенталниот воздух во Струга придонесоа кон тоа да имаме неопходна потреба за поставување на мерна станица“ . Во недостиг на друга конкретна понуда во нашиот град, она што би можеле да им се понуди на сите е чист воздух, меѓутоа тој чист воздух но тој чист воздух треба да го документираме со релевантен показател односно мерна станица“.

Познато е дека депонијата на влезот во градот сеуште претставува актуелен проблем во туристичка Струга, па отука дополнително се налага итноста од поставување на мерената станица, смета Нестор Јаулески, биолог од Струга.

Белодробните заболувања вклучително и канцерогените заболувања на белите дробови претпоставувам дека имаат врска со квалитетот на воздухот особено во летните месеци кој е многу низок. Причината за тој квалитет на воздухот во моментот мислам дека е депонијата бидејќи немаме голем сообраќај и индустрија“.

Во моментов сеуште нема ништо на повидок од ветувањата на Централната и Локалната власт дека проблемот со депонијата ќе почне да се решава и оти отпадот ќе се носи на друга локација. На дивата депонија во Струга и понатаму се трупа градскиот смет.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top