Општата болница во Струга е спремна за справување со ковид пандемијата, вели новиот директор на Струшката болница, др Арменд Арслани. Епидемиолошката состојба во Струга е стабилна, а болницата има и опрема и медицински кадар за справување со бранот, уверува Арслани.
Во Струга епидемиолошката слика е стабилна. За разлика од други градови во земјава каде се бара болнички кревет повеќе, во струшката болница има само 13 хоспитализирани пациенти на Интерното одделение. Модулараната болница со капацитет од 35 легла со централен довод на кислород засега е празна, не е отворена бидејки се` уште нема потреба.
Во болницата се лекуваат повозрасни пациенти над 60 години и повеќето не се со тешка клиничка слика.Надлежните велат будно се следи состојбата и подготвени се и за наплив на заболени.
„Подготвени сме и за други сценарија и од аспект на човечки ресурси. Имаме протокол имаме доволен број на специјалисти интернисти , седум специјализанти и обучен кадар кој што може да се справува и да лекува пациенти со ковид 19“ , вели Арменд Арслани директор на болницата во Струга.
Стружани велат во овој бран повеќе ги почитуваат препораките. Во однос на вакцинацијата со поделени мислења. Некои сакаат да се вакцинираат, други се плашат.
-Да ќе се вакцинирам,ако ќе има вакцини, чекам да ми дојди ред, вели една стружанка.
– Ако добиеме вакцини, зошто да не, тоа не е лоша работа тоа е добро за сите, вели стружанец.
-Не сум пријавен ама ако има потреба ќе се пријавам“, вели трет стружанец.
Дали ке се вакцинирате? Не. Право да ти кажам ми е страв, вели стружанец. Во овој бран на пандемијата во струшко тројно е помал бројот на заболени лица во однос на Охрид. Лани во март состојата беше обратна, а Струга беше рекорден по смртност во земјава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град