Во струшката болница на три пункта тече процесот на вакцинација. Досега вакцинирани се 7000 граѓани, а 4500 примиле и втора доза. Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна,а последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20 јуни.
На три пункта во општата болница во Струга непречно се одвива вакцинацијата против корона вирусот. На двата пункта се врши вакцина со прва доза, а на едниот ревакцинација. Досега се вакцинирани 7000 стружани, а втора доза примиле 4500 граѓани.
-Сакам да упатам апел до граѓаните што повеќе да се организираме за вакцинација бидејќи неочекувано е дали индискиот сој ќе ни се приближи. Па на тој начин да амортизираме доколку не фати некој нов бран“, вели Арменд Арслани директор на струшката болница.
Расте интересот кај граѓаните за вакцинација, особено поради ширењето на индискиот сој на вирусот.
-Моментално убаво, ни рекоја сега малку да одмориме овде.-вели еден стружанец.
-Еве уште не сум добар. Со вакцината може да се заштитиме.-вели друг стружанец.
Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна, а последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20 јуни.
–Моментално имаме третман и преглед од нашиот инфектолог така што пациентите добиваат соодветни услуги поврзани со ковид 19. Здравствениот персонал се врати во функционирање во нормалните нивни дејности.-додава Арсани.
Стивна состојбата со пандемијата и во Охрид, вчера беше испратен последниот пациент од модуларната болница.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град