Во 21 век, вода ни за лек во Струга

Стружани протестираат за вода. Тие денес уште еднаш гласно и со испишани пароли побараа решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето на туристичка Струга. Надлежните не ветуваат многу.

 |  Николоска Биљана  | 

Под мотото „21 век, а нема вода за лек“, стружани денес пред зградата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод, излегоа на протест. Тие пред дел од раководните структури го кренаа својот глас укажувајќи дека се редовни плаќачи на оваа комунална давачка и дека не ги интересираат проблемите со кои се соочува ЈП, од типот, слаба наплата, наводнување на ниви, бајпаси од куќа на куќа, дотраена мрежа итн. Тие бараат вода, за која ЈП законски е обврзано да им ја достави бидејќи редовно плаќаат секој месец.

„Проблемот е заради недостигот на вода, што ни се случува секое лето, но оваа сезона тоа започна многу порано на почеток на месец јуни и сеуште немаме вода. Вода имаме сабајле до 8 часот, цел ден немаме и потоа доаѓа после полноќ, а некогаш воопшто до сабајле не доаѓа. Затоа е овој протест, мислам дека нешто ќе биде и надлежните треба да го решат проблемот бидејќи не може да се живее без вода

Навршува една деценија откако се соочуваме со сериозни проблеми околу водоснабдувањето вели, Сокол Мариноски, жител на Струга.

Јас живеам на 5 кат и секоја година е се полошо и полошо. Последниве три недели по 15 саати немам капка вода за пиење. Надлежните во градов ЈП не прават апсолутно ништо да го решат проблемот

Во 21 век да немаме вода ниту за лек, во градот кој што лежи на две води, мислам дека го нема никаде на планетава Земја вели Даринка Цветаноска.

Ова нешто го нема никаде. По цел ден немаме вода, одиме на работа, откако ќе дојдиме на работа чекаме полниќ да се искапиме, да пуштиме машини, полниме вода со пластични шишиња со вода ги затоплуваме на балкон и така се капиме“

Од Р.Е. Водовод Струга изјава околу проблемот со водата пред присутните граѓани кои протестираа даде раководителот на правната служба Агрон Бајрами. Тој проблмот пред се го гледа во сушниот период и вели дека во ваква состојба не биле во можност ништо да направат.

Поради злоупотребата на вода ние мислевме и се надевавме дека преку ноќ не се краде до таа мерка, но сигурни сме и откривме дека непрекинато се краде и затоа решивме од 12 после полноќ до 5 часот исутрина да ја исклучиме водата во цел град. Тоа го започнавме од сношти, така што денеска има вода за пиење на територијата што ја покриваме

Изјавата на Бајрами воопшто не ја смири насобраната група граѓани. Тие не отстапуваат од своите барања за трајно решавање на проблемот и најавуваат поголема масовност и радикалност, доколку не се реши проблемот со водоснабдувањето во Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top