Нов снег во Струга, голема неволја. Катастрофално лоша слика низ струшките улици. На тротоарите, низ снегот, направени се тесни патеки, кои не се доволни за да можат луѓето да се разминат. Не ретко пешаците наместо да одат по нив како побезбедни, приморани се да се движат по улиците на сред сообраќај. Надлежните, јаки само на збор.
ТВМ вчера во информативниот блок го пренесе ставот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој изјави дека сите надлежни служби за одржување на патиштата во зима се на терен, но очигледно, реакцијата на граѓаните е оправдана. Дел од стружани сметаат дека не ги изненадува неодговорниот однос на надлежните во Струга и дека снегот во зима повторно ги изненади.
Доколку се оправдаат најавите на метеоролозите дека оваа зима ќе биде студена и проследена со врнежи од снег, тешко на граѓаните. Ако денот се познава по утрото, тогаш најдобро ќе биде граѓаните без потреба да не излегуваат од дома и да ја чекаат пролетта која со сигурност ќе го крене снегот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град