Вниманието на светската јавност свртена кон поетска Струга

Започнаа „Струшките вечери на поезијата“. Поети од 70 земји од 5 континети на поетски средби во градот на поезијата. Утрово лауреатот Матеја Матевски во друштво на организациониот фестивалски одбор, градоначалнкиот но и поети засади дрво во паркот на поезијата, со што остави белег на годината кога тој го понесол оваа значајна светска награда.

 |  Татјана Маленкова  | 
SVP
SVP

Започнаа „Струшките вечери на поезијата“. Поети од 70 земји од 5 континети на поетски средби во градот на поезијата. Утрово лауреатот Матеја Матевски во друштво на организациониот фестивалски одбор, градоначалнкиот но и поети засади дрво во паркот на поезијата, со што остави белег на годината кога тој го понесол оваа значајна светска награда.

За жал пресс конференцијата посветена на годинешниот лауреат Матеја Матески започна со непријатна вест. Утрово во Скопје почина поетот  Петре Бакевки, човекот кој во повеќе наврати беше претседател на комисисјата на СВП, од 1974 година член на Друштвото на писателите на Македонија, новинар и уредник во неколку пишани медиуми. Поетите што вечерва ќе ги отворат Струшките вечери на поезијата, лауретот Матевски како и организацијата на СВП од Струга упатија сочувство за својот колега.

Акедемик Матеја Матевски пред да се обрати пред новинарите на пресс конференцијата во негова чест, не можеше а да не ја искаже тагата откако ја чул веста за својот колега.

Mateja Matevski„ Еве, се случува во овие часови на радост на фестивалот да ја слушнеме веста за смртта на нашиот колега. Тоа остава длабок печат врз моето расположение бидејќи од млад го следам неговото творештво. Тој беше поет со восхитувачка енергија во неговата поезија. Човек што во еден период со голем ентузијазам и организираност ги водеше СВП. Уште повеќе ме потресе тоа што пред само три дена читав негова песна посветена на мене. Со ова сакам да му изразам почит на неговото семејство и верувам дека и Друштвото на писателите ќе најде можност да го стори истото“, рече лауреатот Матеја Матевски.

Во чест на јубилејното издание на СВП, се обнови куќата на Браќата Миладиновци. Вечерава за прв пат повторно во чест на јубилејното фестивалско издание поемата „Т’га за Југ“, ќе се пее на композиција на Димитрија Бужаровски“, истакана директорот на фестивалот Данило Котевски. Тој додаде дека годинава во чест на СВП била објавена монографија која покрај стихови и текст содржи и прекрасни фотографии од Струга и Охрид.

„ Струга вечерва ќе блеска. Спектакуларно во духовна слисла и мислам дека и присуствота и на домашните и на странските поети кои се во голем број значајно ќе го преставиме овој фестувал“, истакна директорот на СВП Данило Котевски.

На денешната средба со новинарите Матевски отворено проговори за својата поезија за придобивките на Струга од фестивалот за кариерата која ја започнал како новинар и врската на новинарството и поезијата.

Mateja Matevski -drvo, parkТој се наврати на фестивалските почетоци кога браќата Миладиновци ги собрале македонските поети и на тоа дека за многу кратко време на тие годишни поески средби се приклучиле поетите од целиот свет. Додаде дека СВП пребродиле многу тешкотии од економска, политичка, кадровска и административна природа и дека токму овој фестивал успешно ги пребродил сите војни на овие простори и пошироко. „Тоа е заслуга на градот, градоначалникот. Тоа е заслуга и на сето Македонско културно општество“, додаде Матевски.

На прашањето поставено од страна на новинар од Албанија за врската помеѓу новинарството и поезијата Матевски истакна дека Поезијата ја создава човекот, а новинарството се занимава со човекот со животното катадневие. Тој додаде дека преку новинарството се зголемува искуството, сознанијата, а благодарение на овие искуства поетот сето ова го пренесува во своите песни.

На новинарското прашање дека Јавна тајна е дека политиката многу често вметнува прсти во доделувањето на венецот на СВП и дали тој смета дека кокетирањето со политиката и помогна или одмогна во Македонија, Матевски со став:

pres SVP„ За програмите на фестивалот во ниеден период не влијаела и не се машала политиката. Ако станува збор за политика може да се зборува за културна политика на фестивалот на своите приредби да собере што повеќе авори од повеќе земји. Секога услово бил да се избере, еден или најзначајниот поет на соодветната литература и земја“, додаде лауреатот  Матевски.

Матевски на денешната пресс конференција доби и мал подарок кој не само за него, туку и за Македонија значи премногу. Имено новинарка и пред се влубеничка во делата на Матевски, од Русија за лауреатот го донесе првиот примерок од книгата со негови песни, преведена на Руски. „Ова е моја прва книга на Руски и со задоволство ќе ја додадам кон моите 40 тина останати  книги“, истака во знак на почит лауреатот на СВП Матеја Матевски.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top