Вмровците во Струга не извисија

„Добивме претседатели на општинските комисии колку што баравме“, вели Славко Котески.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

„Добивме претседатели на општинските комисии колку што баравме“, вели Славко Котески.

„Првичниот договор не важеше, по средбите со нашиот коалиционене партнер ДУИ, се задоволија нашите политички апетити“, вели првиот човек на огранокот на ВМРО ДПМНЕ, Славко Котески.

„Уште порано се договоривме претседател од нашата советничка група да имаме на комисијата за Финансии и буџет“, додава Котески.

sednicaПо координативните седници, одлучивме  прв човек од нашата партија да има и на комисиите за Месна Самоуправа и онаа за Туризам, информира Котески.

„Формирањето на комисиите е врз база на коалиција. Јасно е дека во Советот владее коалиција, во случајов ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Исто така и по број на советници. Овие две партии имаат најјмногу советници во Советот“-вели претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ од Струга.

СДСМ е вклучена во 5 комисии. Колку да не е без ич, вели претседателот на оваа партија, Александар Попоски. Според него,  повеќе од очигледно е дека комисиите се формирани на коалициона основа а не по бројот на советници во Советот.

И Нова Демократија има исто членови во комисиите колку нас,  а е со советник помалку во советот, додава Попоски. Ниту од ДПА не се задоволни од договорените комисии. Велат ставот ќе го кажат на седница на совет.

Спротивно од ова, градоначалникот вели дека при формирањето на комисиите се запазиле сите интереси на политичките партии.

Рамиз Мерко истакна дека не би требало да има проблем при официјалното гласање на вака формираните комисии. Вели, на координатините седници биле присутни претставниците од сите политички партии и го кажале својот став. Поради тоа не очекува дека би имало некакви реакции.
Ставот на политичките партии пак ќе се слушне на  Седница на совет закажана за 14-ти овој месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top