Правична застапеност на македонците во сите тела на Локланата самоуправа, побараа струшките вмровци од градоначалникот Села, на денешната прес-конференција. Воедно ги повикаа странските амбасадори во Р. Македонија да дојдат во Струга со цел да биде слушнат нивниот став и искуство за она што во последно време се случува во Струга, околу назначувањето на раководители и директори само од редовите на ДПА.
ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја посетат Струга, пред да биде избран претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати.
„Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството за компромис и толеранција. Отворено, искрено, но одлучно ќе разговараме. Знаеме дека демократијата меѓу другото бара и искреност “
Петкоски на денешната прес – конференција, потсети дека правичната застапеност на Македонците во органите на локалната самоуправа во Струга не е на нивото на Рамковниот договор, на кого толку се повикуваат македонските Албанци и побара од струшкиот градоначалник Зијадин Села да нема поделба на граѓаните по верска или по етничка основа.
„Во Струга најголема и најсилна советничка група е коалицијата „Заедно за Струга“ која брои 11 советници и е составена од Македонци и Власи. Најсилниот политички субјект не смее да биде игнориран во Советот на Струга и во општината воопшто, особено затоа што тоа ќе значи дискриминација по етничка основа и ќе биде во спротивност со Рамковниот договор. Не смее новиот градоначалник Зијадин Села да прави мајоризација, да дозволи да се случува надгласување по етничка или верска основа што беше чест случај во претходниот состав на Советот на општина Струга“.
Претседателот на Советот на општината според Петкоски треба да биде од редовите на најголемата етничка заедница, македонската, бидејќи градоначалникот е од редовите на македонските Албанци. Тој нагласи дека приказната за „Албанска Струга“ заврши, и оти сега граѓаните ќе бараат работа, инвестиции, подобар живот и повисок стандард.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град