ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот.
ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот. Истакнаа дека имаат програма, со која Струга би ја направиле претпознатлив туристички бренд.
„Обединети за Струга“-ова е визијата за иднината на градот, на кандидатот за градоначалник и советничката листа од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нивната програма се темели за доброто на Струга, град на поезијата, културата, мултикултурен град, општина со официјални 4 јазици, македонскиот, албанскиот, турскиот и влашкиот. Овие заложби, да се воведат дополнителните два јазика како официјални, се едни од приоритетите во програмата на ВМРО ДПМНЕ.
На денешната прес конференција, од партијата ги презентираа и останатите приоритети кои се предвидени во неа. Ќе се залагаат за промоција на Струга како претпознатлив туристички бренд, како и изградба на туристички комплекс на потегот Калишта-Радожда со привлекување на познати меѓународни хотелски брендови.
Во програмата се предвидува и изградба на градска депонија, како и зграда за лица со ниски лични примања и зградба за млади брачни парови. Истата е изготвена согласно реалните потреби на градот како и во консултација со граѓаните. Од ВМРО ДПМНЕ најавија оти во иднина, штом седнат на советничките места, ќе бидат транспарентни и отворени за соработка со граѓаните на Струга и околината.
Ветија и дека, пракса ќе им биде посетувањето на секое село или населба, со цел одблиску да ги запознаат проблемите на граѓаните, за потоа да ги стават на јавни расправи во советот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град