ВМРО-ДПМНЕ Струга: -Струшкиот буџет е незаконит!

Не стивнуваат реакциите за буџетот на општина Струга за 2012 година. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели буџетот е донесен спротивно на законите и оттука тој не произведува правно дејство. Тие се изјаснија и за причините за неподдржувањето на новиот буџет.

 |  Мишел Наумоски  | 
pres
pres

presНова реакција за Струшкиот буџет за 2012 година. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ упати уште една реакција по повод задоцнетото донесување на буџетот за 2012 година. Откако не беше изгласан на 30 Декември минатата година поради неможност за утврдување на гласовите, беше одржано продолжение на оваа седница, на која, со поединечно гласање беше дадено зелено светло за буџетот. Меѓутоа, токму овој чин доведе до остри реакции од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Струга. Според нив, буџетот е донесен незаконски.

„Сведоци бевме на кршење на член 28 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа во кој стои дека буџетот се носи најдоцна до 31ви Декември за тековната година. Градоначалникот наметна продолжување на веќе завршена седница со крајна цел по секоја цена да се донесе буџетот за 2012 година. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го подржа предложениот буџет од неколку суштински причини и не сакаше да учествува во донесување на буџет кој директно оди на штета на граѓаните на општина Струга. Трета година по ред се предлага буџет кој е предимензиониран, а тоа се гледа во неговата 50 процентна реализација во изминативе две години.“-рече Јулијана Зуновска-Координатор ВМРО-ДПМНЕ-Струга.
Зуновска додаде дека одлуките донесени спротивно на законот се ништожни и не произведуваат правно дејство. Откако на самата седница на која се гласаше буџетот немаше никаква реакција или образложение за неподржувањето, сега советничката група на ВМРО-ДПМНЕ конечно се произнесе и со причините поради кои предложениот буџет не бил прифатлив.

„Буџетот не е во функција на сите граѓани на Струга при што се фаворизирани одредени етнички заедници. Проектираните средства за образование не се доволни за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес и воопшто не се предвидени средства за инвестиционо одржување. Со скромно проектираните 2.000.000 денари за развој на туризмот се задава уште еден тежок удар на оваа значајна стопанска гранка во општината. Со одвоените средства за спорт не се придонесува за развојот на спортот во општина Струга.“-додава Зуновска. Имено, советичката група на ВМРО-ДПМНЕ ја оспорува законитоста на донесениот буџет согласно одредбите на Законот за локална самоуправа и Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. Токму во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа стои дека буџетот за наредната година треба да се донесе најдоцна до 31 декември, во спротивно според овој закон, треба да се пристапи кон донесување одлука за времено финансирање и финансиски план за нејзино спроведување за период од 1ви Јануари до 31 Март за тековната година. Градоначалникот Мерко веќе даде коментар за нашата телевизија во која го поддржа донесениот буџет. Според Мерко: Седницата која што се одржа на 30 ти декември минатата година, претседателот не ја дозавршил и немало конечна одлука. На истата таа седница, со точност не можел да се констатира бројот на гласови, за, против или воздржани, за да на продолжението од 35 тата седница кое се одржа на 5 ти јануари се примени поединечно гласање, при што буџетот помина и се донесе одлука за негово усвојување, додава Мерко. Што ќе се случува со Струшкиот општински буџет ќе почекаме и ќе видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top