ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од Струга ја раскинаа коалицијата

Одлуката за доделувањето на финансиски средства за општина Куманово, им ги заплетка конците на коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. После 2 години нефункционално работење овие два политички блока, денеска ја раскинаа коалицијата.

 |  Николоска Биљана  | 

Раскината коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. Причина несогласуваање со одлуката за доделување на парична помош во висина од 600 000 илјади денари за општина Куманово. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски појасна зошто се одлучиле да направат еден ваков гест.

„После разгледувањето на проблемите кои ги имаа граѓаните на Куманово, после тие ветувања од Владата која требаше да им даде одредени финансии, слушнавме дека се дадени само хотелското сместување, гледаме и одговорно кажувам дека ние како граѓани и јас како претседател на Совет на општина  заедно со градоначалникот и одредени советници донесовме став дека треба да се помага“ – вели Ќазимоски

Овој гест беше поддржан и прифатен од страна на советниците на СДСМ од Струга

„Навистина треба да им се помогне на кумнановчани на тие што наидоа на голема штета во тие денови кога имаше немири и ова е добар гест на општина Струга“ – нагласува Ложанкоски.

Додека пак од советничката група на ВМРО ДПМНЕ оваа точка не беше поддржана, а причините за тоа ги појасни координаторот Перо Петкоски .

„Владата целосно ги покрива штетите кој што настанаа во акцијата на полицијата така да не би требало да се доделат средства на луѓето, доколку дојде до таква работа сметам дека треба да се дадат средства и на загинатите полицајци“– изјави Петкоски.

Коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ и ДПАво струшкиот Совет веќе подолго време работат нефункционално, и по повеќе одлуки и точки имаат спротивставени мислења и ставови. Очигледно денешното неподдржување на точката, односно одлуката за доделување финансиски средства за општина Куманово ја прелеа чашата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top