Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Порибувањето со младите единки го изврши спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга под надзор на Инспекторатот за земјоделие, а под покровителство на општина Вевчани.

 |  Мишел Наумоски  | 
ribi
риби

1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“.

poribuvanje„Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на река Црн Дрим и на реката Сатеска, односно сите оние делови кои риболовното друштво ги има под концесија. Сакам да истакнам дека ова порибување во многу ќе го збогати рибниот фонд на овој ревир и посебно во порибувањето на Вевчанска река кое е многу важно за развој на понудата која ја има општината, за нејзина промоција и развој.“-рече Јован Бојчовски од Државниот инспекторат за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура.

Од спортското риболовно друштво „Пастрмка“ велат дека денешниот ден за нив е вистински празник. Особено се радуваат на институционалната поддршка која ја добиле.

Vevcanska reka„Посебно не радува што наидовме на голема поддршка од институциите, инспекторатот и Институтот за сточарство од каде го добивме здравиот подмладок на пастрмка. Со ова придонесуваме за збогатување на нашите води. Не чека голема работа за зачувување на оваа пастрмка која денес ја порибуваме, барем до првите нејзини два-три мреста, па после повторно порибување.“-вели Емил Матоски-Претседател на СРД „Пастрмка“-Струга

Порибувањето на Вевчанска река ја добило и неопходната поддршка од општина Вевчани. Градоначалникот Цветомир Угриноски, потенцираше дека особено е значајно зачувувањето на рибниот фонд на реката.

„Апелирам до граѓаните на општина Вевчани, и граѓаните на Октиси и Велешта, да ја негуваат и чуваат рибата, да нема рибокрадци. Претежно во летниот период кога водата е мала затоа што ќе имаме рибочуварска служба, а казните знаеме дека ќе бидат големи.“-изјави градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски.

Инаку градоначалникот Угриноски информираше дека последното вакво порибување во општина Вевчани било извршено пред 4 години.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top