Вевчани, успешна општина

Вевчани стана успешна општина откако локалната власт е во рацете на градоначалникот Цветомир Угриноски. За две години работење Угриноски се пофали со реализација на многу капитални проекти кои, а најави и нови за наредните две.

 |  Николоска Биљана  | 
vevcani
вевчани

ugrinoskiОд општина со над 32 милиони долг, Вевчани стана една од најуспешните мали општини во земјава, која со домаќинско работење успеа во изминативе две години да реализира низа проекти. Еден од најзначајните проекти беше изградбата на новата училишна зграда која обезбеди достоинствени услови за учениците од оваа година кои години наназад учеа во руинирани објекти.

Децата веќе 8 години учеа во многу лоши услови во општинската зграда во простори од 12 квадрати во еден тоалет одеа, 260 деца. Значи една цела генерација од 8 години завршија тука во општинската зграда“ – вели Угриноски.

Општината набрзо ќе ја пушти и новата спортска сала која чини околу 750 000 евра што ќе овозможи развој на спортскиот туризам во Вевчани. Таа ќе биде пуштена во употреба  веднаш после Првомајските празници како што најави Угриноски. Еден од капиталните проекти на кој посветено работи општина Вевчани е изградбата на ски центарот Јабланица.

„Физибилити студијата е успшна ги покажа извонредните рзултати кои се очекуваат, имаме перфектини услови некаде на 2100 надморска висина со 6 до 7 месци снег во обилност и Владата после подолг период на разгледување даде дозвола да се работи мастер планот“ – истакна Угриноски.

Мастер планот за ски центарот треба да биде готов до крај на септември месец годинава. Интерес за инвестирање покажале французи, словаци. Градоначалникот Угриноски смета дека во наредните две години ќе се удрат темелите кои ќе го означат почетокот на изградбата на ски центарот кој ќе биде еден од најмодерните на Балканот. Вевчани го посетиле и словенците, кои покажале интерес за изградба на велосипедски патеки.

„И некаде поставија услов да има 30 тина километри, ја знаеа Јабланица, за среќа ние веќе имаме обележани патеки тие се поранешните патеки каде се движел добитокот, тие треба да се досредат, каде што не треба инвестивиии и скапи материјали да се вградуваат“ – нагласува Угриноски.

Од општината веруваат дека до крај на оваа година ќе бидат готови и велосипедските патеки. Тоа пак како што вели Угриноски ќе донесе многу туристи од Словенија, кои исклучиво биле заинтересирани за велосипедизмот и со авио летови специјално за тоа ќе доаѓале за Вевчани. Готов е и манастирот Св Ѓоргија кој се наоѓа на влезот на Вевчани кој бил уништен пред 110 години.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top