Вевчанци му плаќаат минимална сума на Комуналното претпријатие. За месечен надомесок за собирање смет, домаќинствата издвојуваат по 70 денари. Незнам дали воопшто во регионов има населено место каде по оваа цена се собира смет, вели директорот на претпријатието „Еремија“.
„Пред некој ден бевме на семинар во Скопје, се дискутираше на оваа тема. Просечна цена во Македонина за собирање смет е од 4 до 10 евра. Замислете сега, ние наплаќаме по 70 денари. Со оваа сума не можеме ниту минималните трошоци да ги покриеме“-вели директорот ЈП „Еремија“ од Вевчани, Науме Попески.
И покрај минималната цена за собирање смет, сепак ние се трудиме максимално да ја исчистиме општината. Убедени сме дека тоа го постигнуваме, вели директорот. За покачување на сметката на Комунално веќе е покрената иницијатива. Директорот побарал од Советот на о.Вевчани да донесе одлука за промена на цената. Свесни сме дека секое покачување на цента на сметката е непожелно кај вевчанци но тоа мора да го направиме, пред се поради постабилна финансиска состојба на претпријатието, вели директорот.
„На почетокот претпријатието го затекнавме во многу лоша финансиска состојба. Немаше пари ниту да им поделиме плати на вработените. Но, сепак успеавме да ја подобриме финансиската слика на претпријатието“-вели Попески.
Тој се пофали дека комуналното претпријатие моментално нема финансиски долгови. Ги исплативме сите средства кои им ги должевме на фирмите со кои соработуваме, истакна Попески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град