Вевчанци и Дебрчани, гневни на ЕВН

Општина Вевчани 6 дена без струја. Иста  е судбината и на општина Дебрца кои пак 5 дена се без електрично напојување. Градоначалниците на овие големи општини со последна опомена, пред тужба до ЕВН.

 |  Николоска Биљана  | 
struja
струја

Вевчани од четвртокот, 6 ти декември, е без струја. Прекинот трае дури по 20 часови, вели првиот човек на општината Перо Илиевски. Тој потенцира дека дефектите со електричното напојување во општината се чести и поради тоа сериозно е загрижен. strujaИлиевски образложи дека во текот на вчерашниот ден како и денес не работи детската градинка и училиштето, но и тоа дека револтот кај родителите и останатите граѓани се повеќе расте, поради дефектите на електричните апарати кои откажуваат поради немањето на струја. Се што е потребно од наша страна е направивено и доколку продолжи ваквиот однос на ЕВН не е исклучена можноста да следат и соодветни тужби, додава Илиевски.

„Стапено е во контакт и ни велат дека проблемот е во честите дефекти на далеководи, на трафостаници, паднати дрва, на мрежи на линии и ред други изговори, но и да е така за тоа треба да се интервенира навреме. Жалосно е во 20 век Вевчани да не биде квалитетно снабдена со ел енергија Вевчани е општина која одинапред кон Европа а во 20 ти век 5-6 дена да нема струја тоа е незамисливо. И граѓаните почнуваат преку здруженија да се организираат за граѓанска непослушност“. За овие изминати дена се што е изгубено ќе бараме надоместување и ќе следи и тужба“-вели Илиевски.

snegИ во општина Дебрца сликата скоро идентична. Таму пак струја воопшто нема 5 дена од петокот до денес. Општината без струја не може да функционира, не работи ниту поштата. Оние училишта што се греат на дрва работат, а во Белчишта два дена училиштето не работи, вели градоначалникот на Дебрца Љупчо Којчиноски. И тој е револтиран на односот на службите на ЕВН и рече дека ќе следи тужба а дека ќе ги организиераат и сите оштетени граѓани да го направат истото.

„Од ЕВН ни велат дека екипите се на терен, ние дури и патиштата ги исчистивме да бидат пристапни, но се е бадијала. Не само што екипите не се дојдени туку сега и телефон не дигаат“ -вели Којчиноски.

Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески, вели невремето и обилните врнежи на снег се причина за оштетување на мрежата а непристапните и неисчистени патишта дополнително им ја отежнувале работата.
Во врска со изјавите на градоначалниците на Вевчани и Дебрца за побарување на надомест на штетите поради дефектите, Ковачески рече дека ЕВН како реномирана компанија не бега од својата одговорност, доколку се докаже дека вината е нивна тогаш компанијата е отворена да ја надомести штетата. Она што според Ковачески е важно да се истакне е дека компанијата кон сите свои корисници има подеднаков третман за снабдување со електрична енергија и отстранување на дефекти и не подлегнува на притисоци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top