„Вешта жена“ по деветнаесети пат во Струга

Со јасно прецизирани правила 4 аматерки од Струга ќе се натпреваруваат по кулинарство и слаткарство.

 |  Билјана Николовска  | 
masa
маса

veshta zenaТрадиционално во овој период од годината во Струга се одржува манифестацијата „Вешта жена“. Оваа сабота по деветнаесети пат, 4 жени ќе ја покажат својата вештина во кулинарство и слаткарство пред присутните гости на натпрварот. Претседателката на организацијата на жени, Наде Циркоска како тригодишен носител на првото место „Вешта жена“ за Струга, годинава според правилата ќе седи во жири комисијата.
Таа изјави дека оваа манифестација пред се е сватена како вечер за дружба која ретко се доживува секојдневно, а натпреварот е дел од целокупното дружење.
„Вкупните поени од присутните и отценката од жири комисијата на една од натпреварувачките ќе и овозможи да присуствува на републичкиот натпревар кој секоја година се одржува на почетокот на месец мај во Тетово. Економската криза се одразила и врз оваа манифестација па годинава бројот на гости е определен”- вели Циркоска.
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко , години наназад ја помага оваа манифестација така што ги спонзорира натпреварувачките. Манифестацијата „Вешта жена“ е од републички карактер со седиште во Тетово. Во финалето земаат учество 26 натпреварувачки од нашата држава, а тие годинава ќе имаат можност да ја видат Виена како главна награда за нивниот ангажман во кулинарство и слаткарство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top