Денес беа врачени сертификатите на струшките советници. Дел од нив кажаа оти мора да бидат единствени во Советот и да се залагаат општина Струга да го зачува своето реноме како најубав град во државата.
27 советници денес ги добија сертификатите за нивниот мандат во струшкиот совет. На кратката средба која се одржа денес во салата за седници, уверенијата на идните советници им ги врачи претседателот на Општинската изборба комисија Џенгис Хани. „Со сите наши напори, ќе настојуваме предизборните ветувања да ги реализираме во дела“, рече д-р Мустафа Забзун, советникот на ДПА, во новиот струшки Совет.
„Драго ми е што сум член на Советот на општина Струга, затоа што Струга е еден од најубавите градови во Македонија. Ние ќе вложиме дополнителни напори ова реноме што го заслужува градот, да го зачуваме и понатаму и како совет ќе бидеме единствени во тие заложби бидејќи Струга е бисер на оваа држава“.
Од денеска станавме официјални членови на струшкиот Совет, рече носителот на заедничката советничка листа на „Сојузот за Струга“, Ристо Ќушкоски.
„По составот, односно структурата, убеден сум дека овој советнички состав ќе пружи многу повеќе, односно ќе се залага за многу поубава Струга“.
Очекувањата на новите струшки советници се дека првата конститутивна седница ќе биде најскоро закажана. Тоа зависи од тоа какви одлуки ќе донесе Државната изборна комисија во врска со приговорите на ВМРО – ДПМНЕ. Како што е познато ВМРО- ДПМНЕ од Струга поднесе вкупно 17 приговори за изборни нерегуларности во вторит круг на гласање за градоначалник на Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град