Верифицирани мандатите на новите советници во Струга

Рамиз Мерко и официјално го започна својот втор градоначалнички мандат.

 |  Тања Кувенџиска  | 
sovetnici
советници

27- те избрани струшки советници денес и официјлно седнаа во советничките клупи. Од страна на членовите на Општинската изборна комисија им беа доделени решенијата за верификација на нивните мандати.

Како што е познато: во советот на општина Струга, најголем број советнички места има ДУИ.

„Првенствено ќе се залагаме за подобра иднина на младите“, рече Џеваир Беќири- советник од ДУИ.

Втори по бројност се советниците од редовите ВМРО- ДПМНЕ со 6 советнички места.  Како што потенцира советникот Момчило Аврамоски, во своето работење,  приоритет ќе стават на подобрувањето на меѓунационалните односи.

На решавањето на проблемите од областа на инфраструктурата и урбанизмот ќе стават акцент советниците од ДПА кои во струшкиот совет имаат 4 претставници.

sovetniciВо струшкиот совет со по три претставници учествуваат и партиите: СДСМ и ПЕИ, како и Нова демократија со две освоени советнички места.

Денес му беше врачено и решението за обавување на 4 годишниот градоначалнички  мандат, на старо- новиот прв човек на градот, Рамиз Мерко.

„ Во рамки на нашите можности, ќе се залагаме за што поуспешна соработка и соживот во општината, а се во интерес на подобрата иднина на жителите на оваа општина“, рече Мерко.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top