Вандалски чин на муслиманските гробишта во Струга

Непознати сторители демолираа три турдиња.

 |  Билјана Колоска  | 
grobishta
гробишта

Непознати сторители демолираа три турдиња.
турдеМуслиманските гробишта во Струга мета на вандалски чин. Синоќа, засега непознати лица  демолирале три објекти, кај муслиманската вероисповед познати како турдиња,  места каде се погребани духовни личности. Причината за овој немил настан сеуште не ни е јасна, вели соговорникот кој прв го регистрирал овој настан, инаку задолжен за одржување на муслиманските гробишта.  Кога дојдов на работа, непријатно се изненадив,  со свои очи видов како објектите без милост се срушени, додаде соговорникот.

„Синоќа околу 19 часот од овде поминал градоначалникот Рамиз Мерко, тогаш се било во ред. Јас случајот го пријавив кај муфтијата штом дојдов на работа, во 7 часот и 20 минути. Му се јавив и му кажав дека е случен вандалски чин. Тој веднаш реагира до надлежните“- раскажува  соговорникот Абдула Пашоски.

Жално е  што се демолирани тие објекти, каде луѓето палат свеќи, остават дарови и се молат за здравје, истакна  Пашоски. Вели, ваква ситуација досега не се случило, освен кога пред извесен период беа искршени надгробните плочи.
Од настанот се револтуирани и од Исламската Верска Заедница во Струга.
„ Ваквиот настан го осудуваме, бараме од надлежните по секоја цена да ги најдат сторителите и да бидат казнети за делото“-вели Артим Велиу, од  ИВЗ од Струга.

Утрово, увид на овој немил настан направија и лица од полициската станица во Струга. Дополнително ќе се истражува, која е причината за вандалскиот чин и  кои се сторителите на истиот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top