Увезените производи со задолжителен македонски код

Стартува примената на ознаките МКД за сите фирми кои увезуваат стока. Трговците на бела техника, обувки, текстил, храна и козметика мора да поседуваат за увезената стока декларација напишана на  кирилично писмо и македонски јазик, со задолжителен меѓународен код за Македонија, информира раководителот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалески.

 |  Валентина Неловска  | 
koshnicka
кошничка

supermarketСтартува примената на ознаките МКД за сите фирми кои увезуваат стока. Трговците на бела техника, обувки, текстил, храна и козметика мора да поседуваат за увезената стока декларација напишана на  кирилично писмо и македонски јазик, со задолжителен меѓународен код за Македонија, информира раководителот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалески.
Поголемиот дел од трговците се крајно изненадени од новиот законски пропис. Измените се во согласност  со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија. Во текот на двата изминати месеци пазарните инспектори им укажувале на трговците за законските измени кои стартуваат веќе од овој месец.
Во почеток ќе одиме со опомени до големите фирми кои работат на територија на Македонија, како што се Веро,Тинекс или Кам-маркет, и до сите бутици и продавници за текстил,  појаснува Башалески.
За трговците кои  нема да се придржуваат на законските измени, законодавецот предвидел  високи парични казни. Глобата која е мошне висока се движи  од 3 500 до 5 000 евра. На трговците, пак кои не поседуваат соодветна царинска документација за набавената роба, стоката ќе им биде одземена, нагласуваат од пазарниот инспекторат.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top