Акцијата „Ден на дрвото“, ќе се спроведе и во Охрид и Струга. Годинава во неа се приклучува и приватна Охридска фирма која на свој трошок обезбедила садници.
Акцијата „Ден на дрвото“ по петти пат. И годинава македонските граѓани ќе ја засадуваат својата иднина. Во Охрид и Струга ќе се сади црн бор и јасен. Годинава во владината акција се вклучува и приватната Охридска фирма МАК ВУД.
Инаку во утрешната акцијата во Охрид ќе се засадуваат дрваја на два локлитети. Првиот е во Лакочереј каде на површина од 5000 хектари ќе се засадт 20 000 садници црн бор. Како што не информираше одговорниот за акцијата од ЈП Македонски шуми, подружница Охрид, Славчо Голабовски,во акцијата ќе се вклучат ученици од средните и основните училишта, како и вработените од јавните институции. Вториот локалитет кој ќе се пошумува е во Белчишта каде на површина од 5000 хектари ќе се засадат 20 000 корени од јасен.Голабовски информира дека пошумувањето на овој локалитет ќе го направат АРМ и вработените во македонски шуми.
Утре на две локации ќе се засадува и во Струга. владислав Жупан од локланата самоуправа не информира дека правата локлација е над селото Делогожд, и дека таму ќе се засадува ЦРН БОР. Граѓаните кои ќе пошумуваат на оваа локалција до местото ќе пристигнат со организаран превоз. Автобусите од 8 часот ќе бидат лоцирани наспроти седношколкиот центар во Струга и ќе поминат преку Ливада и Корошишта. Втората Локација за пошумување во калишта , помеѓу хотелите Изгрев и Бисер. граѓаните и за оваа локација ќе имаат организиран превоз и тоа во 9,00, 10,00 и 10,30 часот. Автобусите кои заинтересираните ќе ги однесат до вората локлција ќе бидат лоцирани на паркингот пред домот за култура.
Инаку утрешниот ден „Ден на дрвото“ владата на Р Македонија го прогласи за неработен ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град